Македонија
(Видео) Мицкоски: Подавам рака, да седнеме да зборуваме и да договориме датум за избори
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека во целото интервју на Ковачевски, кое го гледал, тој покажува фрустрација и нервоза, а она што не го очекувал да го забележи бил гневот што го има кон Мицкоски.
Мицкоски додаде дека не знае од каде му е тој гнев лично кон него бидејќи не се познаваат лично иако Ковачевски тврди дека имале комуникација. Ја демантира неговата изјава и го советуваше да не се служи со невистини како неговиот претходник.
„Јас навистина сум зачуден од тоа што го кажа вчера бидејќи се повикува на единство во рамките на Европа, а токму тој е факторот што создава неединство бидејќи јас лично и ВМРО-ДПМНЕ многупати во минатото подадовме рака, го повикавме на дијалог, сакавме дијалог во овие кризни времиња според него и според многу други членови на неговиот кабинет од Владата, самите тие констатираа дека се кризни времињата и неколкупати апелиравме да се седне, да се разговара, па ајде чекавме 100 дена да поминат и повторно апелиравме, но некако отсуството на мудрост и државнички капацитет во Владата што Ковачевски ја води, а и кај него самиот, доведе до тоа веднаш таа подадена рака да ја одбие. Ние сме свесни дека сето тоа води кон поларизација и дополнително фрустрирање на граѓаните, но едно знам, дека граѓаните, три четвртини од нив или 75 %, мислат дека оди во погрешна насока и дека оваа Влада треба да си оди. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и како таква мора да мисли на граѓаните, ние сме партија на народот и така се однесуваме. И бидејќи така се однесуваме, јас можам уште еднаш да подадам рака бидејќи до десетти има уште четири дена да се вразуми и уште еднаш да размисли, да седнеме да зборуваме“, додаде Мицкоски.
Мицкоски понуди и четири тима за Македонија од дента кога ќе седнат до датумот кога ќе договорат предвремени избори излезе што помалку оштетена од овие кризи, кои, за жал, оваа Влада, која е полна со криминал и корупција, е неспособна и не може да ги реши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

