Македонија
(Видео) Мицкоски: Поради неспособноста на власта, денес бевме сведоци нa чин кој место да нѐ обедини, нѐ разединува
Главната водилка на Гоце Делчев, а тоа е дека тој го разбира светот како поле на културен натпревар, претпоставува дека денеска ќе се преслика како натпревар во многу области, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната трибина насловена „Гоце е Македонија“.
„ И ние како Македонци, како луѓе кои што се носители на суверенитетот на нашата Македонија, заедно со нашите сограѓани Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и останати треба да се натпреваруваме заедно со многу поголеми и многу помоќни држави од нашата Македонија и многу поголеми и многу помоќни народи, не само во нашето опкружување, во Европа, па и во светот. И тоа сме покажале дека сме способни да го правиме, да победуваме, кога победуваме да се радуваме, а кога губиме да тагуваме, но секогаш сме биле достоинствени и во победите, но и во поразите. Нашата Македонија родила многу свои чеда кои што го обелиле образот на истата таа Македонија, и сигурен сум дека Гоце бил горд на тие луѓе“, заклучи Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека политичкиот противник прави доста грешки. Политичкиот противник денеска ја води владата, но ја води на тој начин што е помал коалиционен партнер на Демократската унија за интеграција.
„Треба да сме свесни дека тоа што ќе го во иднина наследиме и кое што ќе треба да го корегираме е озбилен проблем. Кога велам озбилен проблем мислам на големината на проблемите кои што ќе ги наследиме. И тие проблеми ќе треба да ги решава ВМРО-ДПМНЕ. Тука не мислам само на националните проблеми кои што ќе ги наследиме, тука мислам и на образовните, тука мислам и на социјалните, тука мислам и на економските, на политичките проблеми. Во суштина има многу проблеми кои што ќе треба да ги решаваме. Не очекувајте дека некој друг ќе ги реши. Треба ние да ги решиме. Видовме од овие 68 месеци се веќе Влада дојдоа со ветувањето за живот, пекол донесоа, ја опљачкаа, ја разнебитија, ја понижија Македонија. И затоа денеска професоре, бевме сведоци наместо на еден убав свечен чин кој што треба да не обедини ние гледаме чин кој што не разединува, не дели и затоа хеликоптери кружеа над небото над главниот град. И тоа е суштината во која што ние денеска живееме“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нагласи дека денес се живее во поделби, граѓаните се соочуваат и државата со многу проблеми, и многу сограѓани гледајќи го тажното и мачно секојдневие си заминуваат од земјава. А, главен виновник за сето ова е неспособната Влада.
„А, тоа ќе продолжи ако нешто не се смени. Ние како ВМРО-ДПМНЕ треба да бидеме предводници на тоа нешто за да менуваме. Пред пет години малкумина беа убедени дека ВМРО-ДПМНЕ најпрвин ќе опстане на политичкава сцена, но откако опстана, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде во ситуација да денеска биде најголемата повторно политичка партија во Македонија и партија која што ќе се обиде на следните предвремени парламентарни избори да го обедини пред се македонскиот народ, но и сите оние наши сограѓани кои што веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ може да донесе подобар живот, да донесе надеж“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Ристов не е изолиран случај, „чадорот“ на заробената правда се крши
Одлуката на Судскиот совет да му го одземе имунитетот на Апелациониот судија, Ѓоко Ристов, за привремено да го отстрани од функцијата и да му изрече мерка куќен притвор е важен чекор. Но, овој чекор не го затвора прашањето, напротив, го отвора уште повеќе затоа што кога ќе се открие дека кај Апелациониот судија има 350 илјади евра за кои се сомнева дека се нелегални пари, ова не е индивидуален скандал. Ова е лицето на заробената правда, велат од „Влен“.
Коалицијата потсетува дека Ристов, заедно со нон грата судијата Енвер Беџети, беа дел од одлуките што го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков – како што го нарекуваат, симболот на заробената држава. Во истиот контекст, Артан Груби, бегалец од правдата, исто така беше санкциониран нон грата.
„Тука нема случајност. Има шема. Има штит. Има чадор. Затоа, главното прашање не е само што ќе се случи со Ристов. Прашањето е кој го заштитил Ристов, а кого Ристов заштитил. Граѓаните имаат право да знаат во колку случаи Ристов и Беџети дејствувале, во колку случаи одлучувале за притвор, финансиски гаранции, одложувања или застарувања и кои конкретни одлуки доведоа до ослободителни пресуди, бегство од одговорност или тивки “амнестии“ за моќни луѓе“, велат од „Влен“.
Се додава и дека куќниот притвор не смее да се претвори во удобен одмор, додека системот продолжува со истото. Истрагата мора да оди до крајот на синџирот, со целосна контрола на одлуките, следење на имотот и конкретна одговорност, со имиња и презимиња.
Македонија
Од оваа година 15.000 денари за секое новороденче во општина Крива Паланка
Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски го посети првото новороденче во Општината во 2026 година – машко бебе, на кое му беа врачени пригодни подароци.
Посетата е дел од континуираните активности на општина Крива Паланка за поддршка на младите семејства и афирмација на наталитетот.
„Во рамки на мерките за поддршка на семејствата со новороденче, финансиската поддршка што ја обезбедува општина Крива Паланка изнесува 15.000 денари за секое новороденче“, известуваат од Општината
Македонија
СДСМ: Дефокус на ВМРО преку Алфа и Жан додека се носат 10.000 „сезонски работници“
„Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и кујните, Владата на ВМРО носи 10.000 „сезонски работници“. Дупката во Буџетот е веќе 2 милијарди евра, нема пари за плати и пензии поради криминалните тендери. Како ќе се обезбедат 6 милијарди евра кредит? Преку познатиот договор кој го објавија британските медиуми“, велат од СДСМ.
„Како ќе се сокрие тоа од јавноста? Со дефокус, измислен „рекет“, црна кампања и брутален јавен линч против претседателот на СДСМ, Венко Филипче и членовите на партијата.
Сеат магла, преку Алфа ТВ, Геро, Бетмен Велит, преку Ивона позната по врската со Латас, Наум Стоилковски, преку медиумскиот октопод Алфа–Алта, создаден од ВМРО а финансиран со пари на граѓаните на Македонија, кои се испумпуваат преку тендери.
Дефокус за пренасочување на вниманието на јавноста од вистинските економски проблеми на граѓаните и главната тема, мигранти за пари.
СДСМ ќе продолжи да ја разобличува секоја лага на кујните на ВМРО, секој дефокус и секоја злоупотреба“, соопштуваат од СДСМ.

