Контакт

Македонија

(Видео) Мицкоски: Станавме рекордери во порази и параметри а за тоа е виновен Заев

Објавено пред

Сведоци сме дека нема ниту едно суштинско ветување кое оваа влада го исполни, или мерка која дава резултати. Владата докажува дека нема концепт ниту визија. Во економијата нивните купи ден политики внесуваат несигурност и хаос. Така е во енергетиката, образованието, здравството, во секоја сфера од општественото живеење, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Нивниот принцип тргни па застани, е доказ дека наместо искусни луѓе кои треба да водат држава, имаме аматери кои експериментираат со животите на илјадници луѓе и нивните судбини. Зборот на Зоран Заев не е збор до кој тој држи. За секој неуспех на политиките кои ги водат имаме по едно извини. Извини коешто за народот не важи ништо зошто последиците од таквите политики ги плаќаат граѓаните. Нивното извини не е решение, туку последица на нивните погрешни политики.

Нивниот „прав пат“ завршува во слепа улица. И не поради тоа што не дојде живот за сите туку затоа што станавме рекордери по поразите и неславните резултати. Зоран Заев ја направи државата рекордер по бројот на сиромашни граѓани. Сиромашни граѓани кои живеат на прагот на егзистенцијалната издржливост.

Ја направија државата рекордер по загадениот воздух. Ја направија државата рекордер по нивото на корупцијата и криминалот. Заев ја направи Македонија рекордер по одливот на инвестиции, наспроти приливот кој е евидентен во соседните земји. Станавме рекордер по бројот на затворени медиуми 1ТВ, Независен, Утрински, Дневник, Вест и др. Станавме рекордер по јавниот долг и степенот на кој Заев ги задолжува граѓаните. Рекордери во иселувањето и лошиот живот. Станавме рекордери во поразите и лошите параметри. А, за сето тоа е виновен Зоран Заев. За да работите станат појасни почнуваме со рецензија на најголемата политичка лага наречена „Живот во Македонија“.

И оваа лага е составена од многу други лаги, неоправдани и изневерени надежи и очекувања.

Јас ќе се обидам неколку такви проекти кои што Зоран Заев и СДСМ ги ветија пред граѓаните за време на предвремените парламентарни избори во 2016-тата да ги презентирам.

Имено, ќе започнам со можеби за мене но и за голем број познавачи не само во Македонија, туку и надвор од Македонија е чудната дефиниција за пренамена на термоелектричната централа Неготино во енергетско земјоделски комбинат. Таков ниту во литературата, ниту во праксата постои. Но еве за СДСМ и Зоран Заев постоел и која е суштината на овој проект? Суштината на овој проект е да се пренамени и да се модернизира термоелектричната централа Неготино, така што отпадната топлина во процесот на производство на електрична енергија ќе се користи за затоплување на пластеници, каде што ќе се одгледуваат земјоделски раноградинарски производи.

Можете да поминете во Неготино и да видите дека не само што нема намера туку нема ни одблиску визија за исполнување на ова ветување.

Понатаму, ќе поминам на уште еден проект кој што толку време го критикуваа и толку време го промовираа дека кога тие ќе дошле во Владата ќе го реализирале. А, тоа е проектот за Чебрен и Галиште хидроцентралите. Ќе ве потсетам дека во 2016-тата година министерството за животна средина имаше распишано тендер за избор на оптимално техничко решение по должината на реката Црна од највисоката до најниската долна кота, на која што инвеститорите им беше оставено слобода да проектираат, а потоа доколку бидат избрани и изведат техничко решение хидроцентрали како што тие мислат дека оптимално е најдобро.

Но затоа во програмата и најголемата политичка лага наречена „Живот за Македонија“ стручњаците и експертите на СДСМ предвиделе изградба на Чербен и Галиште така што ќе ја подобреле физибилноста и со сопствени средства на ЕЛЕМ, ќе го изграделе Чебрене и Галиште. Можете да појдете по должината по течението на река Црна, ќе видите дека ниту нешто се гради ниту пак дека некој има намера да гради.

Понатаму ќе го споменам проектот каде што експертскиот тим на СДСМ во енергетиката ветува дека ќе набави сопствена механизација во РЕК Битола и нема повеќе да користи услуга на надворешни кооперанти. На тој начин ќе заштеделе во македонскиот буџет околу 120 милиони евра. Имаа пари, имаа тендер кој што претходното раководство им го остави во АД Електрани на Македонија, јас бев тогаш претседател на управниот одбор и директор на АД Електрани Македонија, го поништија и еве веќе трета година по ред си врткаат камионите на фамилијата.

Така што не само што се одлеваат тие 120 милиони евра туку имаме основани индиции и сомневања за сериозно крупен криминал кој што веќе трета година по ред се случува во Битола.

Понатаму ќе го издојам проектот имплементација на најсовремени еколошки стандарди во ТЕЦ Битола и ТЕЦ Неготино. Тоа што подразбира? Подразбира, вложување во животната средина, вложување во еколошките стандарди преку вградување на филтри, десулфуризација итн. Се сеќавате, голем дел од членовите на Владата предводени лично од Зоран Заев се прошетуваа и во Осломеј и во Битола и велеа тука ние ќе вложиме во подобрување на еколошките стандарди, ќе вградиме филтри за да тендерот после многу перипетии и внатрешни превирања во СДСМ не успеаја да се договорат па го поништија. Така што и единствениот тендер кој што во овие три години го направија во РЕК Битола, а се однесуваше во делот на изградба на филтер за десулфуризација им пропадна.

Понатаму ќе го споменам проектот отворање на јагленокопот Поповјани. За јавноста да биде појасно, станува збор за ново јагленово наоѓалиште кое се наоѓаа во околината на термоцентралата Осломеј во Кичево. Не само што овој коп не е отворен туку ни одблиску не се почнати ниту ни административните подготвителни работи, а камо ли пак да стане збор за отворање на новиот јагленокоп Поповјани. Така што термоцентралата Осломеј и натаму останува без соодветен ресурс за да може да биде синхронизирана во електроенергетскиот систем на Македонија. Уште една лага, уште едно неисполнето ветување.

Ќе продолжам во делот на гасификацијата. Еден од проектите е приклучување на Македонија на Трансадриатик цевководот. Не само што немаме изведено приклучок, туку ниту пак се планира нешто такво да се направи. Понатаму ќе го споменам проектот за интерконективно поврзување со соседна Бугарија и Грција, истата судбина како и претходните лаги. Немаме ниту пак административна подготовка за овие проекти да бидат реализирани и за волја на вистината доколку денеска и најспособната Влада ја имаме, а не оваа најнеспособна која што некогаш функционирала во Република Македонија нас ќе ни требаат неколку години за да ги изведеме овие два интерконектори со кои што Македонија ќе се поврзе со националните гасоводни системи на соседна Бугарија и соседна Грција кои што морам да признам се исклучително добро развиени.

Понатаму ќе го споменам проектот, природен гас за цела Македонија, односно изградба на секундарната и терцијалната мрежа. За на јавноста да и биде појасно тоа се оние гасоводи кои што треба да го донесат гасот до домовите на нашите граѓани и до индустријата. Имаше еден таков јавен повик за јавно приватно партнерство кој што беше распишан во минатото, но во 2017-тата година оваа Влада го поништи тој повик иако морам да признам дека за мене и тогаш и сега од неразбирливи причини се одлучи на ваквиот чекор. Односно тоа подразбираше практично прекинување на постапка која што доколку се реализираше во тој момент ние денеска можевме да зборуваме за почеток на теренската имплементација на проектот за гасификација целосна на Македонија и достапност до овој еколошки енергенс на сите домаќинства и индустријата. За жал тоа не се случи, го слушнавме Зоран Заев во Собранието како вели дека дал наредба до градоначалниците од 2020-тата да почнеле да градат.

Повторно ќе се вратам на коментарот за претходната лага. И најспособните градоначалници да ги имаме денеска, да отпочнат со планирање, а потоа геолошко и геодетско снимање на теренот, техничко дефинирање на проектната задача, изготвување на тендерска документација, успешно спроведување на тендерот, под услов тој тендер да не биде обжален под услов да тендерот практично биде успешен, нас од овој момент за жал ќе ни требаат најмалку од 24 до 30 месеци за да почнеме било што да правиме во делот на гасификација на Македонија.

Има уште многу други проекти коишто беа дел од најголемата политичка лага, како што е да речеме делот за обновливите извори, како што е новата 10 мегаватна фотонапонска електрана која што за волја на вистината распишаа тендер, истата треба да се гради во поранешното јагленовонаогалиште во близина на термоцентралата „Осломеј“ и истата требаше да започне со градба во септември оваа година, а на почетокот на 2020 година да се отпочне со производство на електричната енергија. Денеска сме ноември, не само што оваа постапка нема завршница, туку нема јавноста информација каде се потрошени парите на граѓаните, за што се потрошени, а ќе потсетам за оваа постапка е подигната кредит од Европската Банка за обнова и развој во висина од 6 милиони евра.

Имаме уште многу проекти коишто се ветени, но за жал не се реализирани. Ќе повторам на самиот крај на оваа наша денешната рецензија, на првиот дел од најголемата политичка лага наречена „Живот во Македонија„ степенот на реализација на проектите ветени за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година заклучно со 1 ноември 2019 години не надминува повеќе од 2% .

98% од ветеното не е испорачано. Нека оценат граѓаните дали зборот е збор и дали зборот важи или зборот лажи. Со вакви и слични ветувања по принципот на „all-in“ ,по принципот на примитивизмот „мало сутра“ „тепсијата и баклавата“ и слично ќе се изнаслушаме на следните предвремени парламентарни избори и во кампањата.

Јас верувам во исклучителната голема мудрост на граѓаните и верувам во довербата која што ќе ја добие „Обновата на Македонија“ на 12 Април 2020 година“ рече Мицкоски.

Македонија

СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори

Објавено пред

Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.

dobivaj vesti na viber

Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.

„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.

Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.

Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.

Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.

dobivaj vesti na viber

„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.

Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.

„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.

Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.

„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Oбиколница за Прилеп и автопат од Фариш, најави Николоски

Објавено пред

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината.

dobivaj vesti na viber

Интенизивно се гради автопатот Прилеп – Битола, се започнува постапка за изградба и на нов автопат од Фариш до Прилеп, а во соработка со општината веќе се работи на план за изградба на обиколница, истакна вицепремиерот Николоски.

„Автопатот Прилеп – Битола се гради со засилена динамика и очекувам годинава да бидат поставени и првите километри асфалт. Второ, градоначалникот амбициозно работи на проектна програма, со цел да се направи обиколница на градот, за тешките возила да не влегуваат во градот, нешто што е ветувано децении наназад. Тој е прв што е решен да прави ваква програма и еве да дадам ветување дека ние како Влада ќе го финансираме целокупно овој проект и овој проект ќе биде реализиран во рамки на неговиот мандат.
И трето, во интензивни преговори сме, мислам дека во следните месец до месец и пол ќе видите и активности во Собранието, за она што го ветив, а тоа е од Фариш до Прилеп исто така да одиме со автопатско решение, како Прилеп од двете страни би бил поврзан со автопат”, изјави заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

На одбележувањето на настанот 100 дена локална власт во Прилеп, вицепремиерот истака дека Владата овозможува сериозна подршка за општината и градоначалникот Проданоски, во насока на економски и инфраструктурен развој на градот.

„Сакам да му честитам на градоначалникот за успешната работа во овие 100 дена. Таа работа се гледа во сите делови од градот, 100 дена е навистина краток период но може да се види каде ќе се развива општината во следниве четири години и убeден сум дека ова ќе е исклучително успешен мандат. Ние како Влада ќе продолжиме со подршката која што ја дававме во изминатиот период, дали се работи за средства кои директно се префрлаат од буџетот кон општината за да може да реализира инфраструктурни проекти, дали се работи за подршка на стопанството или земјоделието, сето она што сме го ветиле на најдобар можен начин ќе се обидеме да го реализираме“, изјави вицепремиерот Николоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование....

Македонија5 часа

Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по...

Македонија7 часа

Владата нема да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија9 часа

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија10 часа

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија10 часа

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...

Македонија11 часа

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...

Македонија11 часа

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на...

Македонија12 часа

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување...

Македонија12 часа

Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на...

Македонија13 часа

Панчевски поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители, ги обвинува за злоупотреба

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, најави дека ќе...

Македонија14 часа

(Фото) По ерата на Југославија, селото Драчево е првото село во Македонија што добива сопствено модерно кино

Општина Кисела Вода вчера вечер официјално го отвори новото кино во Домот на културата во Драчево. Проектот, реализиран во партнерство...

Свет14 часа

Документите за Епстин се толку сериозни што би можеле да бидат злосторства против човештвото, предупредија експерти на ОН

Милиони досиеја поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин укажуваат на глобална криминална мрежа што би можела да претставува злосторства...

Свет14 часа

(Видео) Најмалку десет скијачи исчезнаа во лавина во Калифорнија: започната е спасувачка операција

Најмалку 10 скијачи се водат како исчезнати, а шест други се заробени и чекаат спасување во услови на обилни снежни...

Европа14 часа

Мечка забележана во близина на Будимпешта

Мечка е видена во близина на Будимпешта. Животното веројатно не е од дивината, туку избегало од приватна фарма, објави општината...

Македонија15 часа

Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво

Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради...

Македонија15 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино. „Особено...

Македонија22 часа

Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд

Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино,...

Македонија1 ден

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија1 ден

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....