Македонија
(Видео) Мицкоски: Треба да ги отстраниме слабостите и да ги зајакнеме нашите капацитети
,,Oна што сега ќе го испланираме, изградиме како заеднички капацитет во партиските структури ќе биде она што, уверен сум во еден извесен брз период треба да се преслика како раководење на институциите, нивно управување и менаџирање. И потполно треба да бидеме свесни дека граѓаните со право, ќе очекуваат резултати, исполнета работа и драстична разлика кон подобро. Ние сме тие кои ќе ја имаме задачата тоа да го донесеме и да не ги разочараме нивните очекувања што е првенствената обврска во се она што го правиме. Не смееме и нема да ги изневериме очекувањата на граѓаните!”, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на отворењето на семинарот со наслов „Рефлектирање за минатото, планирање за иднината“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Националниот демократски институт (НДИ).
Според него, патот до таму треба да се изоди. ,,И ништо нема да дојде незаслужено, и ние треба да бидеме подобри од било која друга политичка сила сега и во минатото. Како што рекол американскиот претседател Абрахам Линкон она што и треба на секоја една демократија е владеење на народот, од народот, за народот. И ние тоа треба заеднички да го изградиме, преку отвореност, со неверојатен слух за потребите на граѓаните, зајакнување на демократските капацитети и да се водиме од интересите на Република Македонија и нејзините стратешки цели.
Секоја смена на власт носи своја порака. Како што тоа таквата смена ќе биде порака за оваа актуелната, така и ние добивавме во минатото пораки од граѓаните. И веројатно за тоа, и таквите нивни одлуки граѓаните имале добри причини. Наша должност е да ги признаеме нашите слабости, да ги oстраниме и надминеме, зајакнеме нашите капацитети, и понудиме она што им треба на граѓаните. И ние тоа го правиме.
На државата и треба лидерство кое ќе донесе стабилност и развој. После 28 години независност нам ни треба овозможување на сигурност на граѓаните и конечна верба во демократските принципи, во почитување на волјата на граѓаните која не секогаш во минатото била водилка за политичарите, а тогаш кога не била, се правеле грешки кои нашата држава ја чинеле скапа цена. И конечно на граѓаните им треба сигурност, верба во правната држава и владеењето на правото, каква во моментов за жал немаме. Но она што сега го имаме како фактичка состојба во државата е слаб институционален капацитет, разочарани очекувања, имаме поделено општество и тоа по повеќе основи. Станавме држава во која и поставувањето на директори на средни училишта предизвикува поделби, бидејќи истото е резултат на политички интереси и договори, а не последица на заслуги и минат труд. А поделеноста дезинтегрира, но нам ни е потреба интеграција. Еднакви можности за сите. Правна држава и конечно владеењето на правото”, рече Мицкоски.
Тој додава дека имаме стратешки интереси кои треба да се одбранат, но и исполнат. ,,Ние сега сме опозиција која е гласен коректив на власта. И за се она што денес критикуваме, треба утре да го исправиме и исполниме. И сум уверен дека тоа ќе го направиме. Пратеничката група, членовите на Извршниот и Централниот комитет, како секој еден член треба да знае дека оние капацитети што ќе ги изградиме сега, ќе бидат капацитети кои ќе управуваат утре и ќе имаат одговорност. Јас верувам дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе остане прогресивната сила која ги носела промените и секогаш била во служба на целите на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ја обединува енергијата на прогресивноста, на современиот патриотизам, и отвореноста да се рушат бариерите. И ќе го донесеме она што и потребно на нашата земја, промени, нова надеж и подобра иднина за сите”, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

