Македонија
(Видео) Мицкоски: 55.000 студенти ќе добијат по 15.300 денари за електронски уреди
„Денеска е објавен јавниот повик и ги повикувам сите студенти да аплицираат, мислам дека се 55.000 на број. Тоа што го ветуваме тоа и го исполнуваме, 15.300 денари добива секој студент за набавка на електронски уред“, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Мицкоски рече дека чекале изборите официјално да завршат за да можат да го објават повикот за аплицирање, за кој што рече дека трае до први јануари 2026 година.
„Не сакаме како многу влади кои што во минатото правеа, тоа да го правиме пред изборите за да не биде сфатено како неетичко однесување од страна на Владата, затоа почекавме изборите да завршат официјално со одлука на ДИК. Така што ги повикувам студентите да се пријават на овој јавен повик кој е отворен до први јануари 2026 година“, порача Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

