Македонија
(Видео) Мнозинството граѓани не чуле за работата на АВМУ и АЕК
Мнозинството граѓани не чуле за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги и на Агенцијата за електронски комуникации, покажа истражувањето на јавното мислење за работата на овие две институции. Анализата ја спроведоа „Евротинк“, НВО Инфо-центар, „Транспарентност Македонија“ и Хелсиншкиот комитет во проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите PROformance Watch. Високи 77 отсто од испитаниците одговориле дека не чуле за Агенцијата за медиуми, а 62 отсто за Агенцијата за електронски комуникации.
Телефонската анекта била спроведена во периодот од 2 март до 23 март на репрезентативен примерок од 1.043 испитаници со +/-3,03 отсто маргина на грешка. Билјана Бејкова од НВО Инфо-центар рече дека еден од најголемите предизвици е овие две институции да бидат независни од сите партиско-политички центри на моќ. Горан Лазаров изјави дека треба да работи на промоција на надлежностите на овие институции бидејќи граѓаните не се доволно запознати со работата на овие институции и треба, а некои од оние што ги знаат надлежностите често ги мешаат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

