Македонија
(Видео) Муцунски: Време е за почеток на важна фаза на промени, подобра и просперитетна иднина, почнуваме со голем митинг утре пред Владата
Дојде време, за почеток на една важна фаза во животот на нашите генерации која треба да донесе сериозни промени во македонското општество и да ни обезбеди подобро и просперитетна иднина.
За нешто повеќе од месец дена не делат од неизбежното заминување на оваа власт, која за жал ни нанесе несогледливи штети и остави сериозно негативно последици по државата, соопшти потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.
„1. Од економска гледна точка се наоѓаме на самото дно во регионот, при што скоро сите други држави имаат поголем БДП по глава на жител од нас. Во последните седум години најголемиот дел од државите во регионот остварија раст од 50%, а власта предвидена од двоецот СДС — ДУИ само 20%.
2. Од Извештаите на ЕУ и реалните состојби на терен констатираме дека целосно е загрозено владеењето на право, институциите не функционираат соодветно, криминалот и корупцијата се во пораст, јавната безбедност постојано се загрозува од страна на лица кои заради различни причини најчесто не се достапни на органите на прогонот.
3. Довербата на граѓаните во областа на правосудството е на најниско можно историско ниво и во таа област повеќе од неопходно е да се дејствува системски, ефикасно и брзо.
4. Несоодветниот третман, погрешен концепт и недоволни вложувања во образованието и науката создаваат сериозни проблеми кои негативно се рефлектираат најнепосредно кај родителите, учениците, студентите, наставниот кадар и научните работници.
5. Здравството е крајно девастирано, а незадоволството на здравствените работници и пациентите од ден на ден расте. Аферите како онаа на Клиниката се хематологија се редовна појава, додека интересот и решителноста за справувањето со негативните појави во оваа значајна област за нашето здравје целосно отсуствува.
6.Во областа на патната инфраструктура власта даваше големи верувања, а еден километар автопат не изградија.
7.Земјоделците и сточарите целосно ги запоставија и ги оставија сами да ги решаваат сериозните проблемите со кои секојдневно се соочуваат“, истакна тој.
Во целата композиција на неуспешно креирани и водени штетни политики од двоецот СДС -ДУИ, според него, ништо не е подалеку и актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој по извесното завршување на неговиот петгодишен мандат освен со својата сервилност кон власта нема со што друго да се пофали.
„Крајно време да се стави крај на овие тешки порази, недоследности и понижувања на интелектот на нашите граѓани.
Во наведената насока почитувани наши граѓани, од сите делови на државата, без разлика на вашата етничка, верска или идеолошка припадност отворено Ве повикуваме да се обединиме под знамето на промените, и да се приклучите на најголемиот сенароден митинг пред Владата на Република Македонија кој ќе се одржи утре на 4 април со почеток од 20 часот. Целта на овој собир е на мирен и достоинствен начин за последен пат во нивниот мандат да им кажеме едно големо НЕ на досегашните неуспешни и погубни политики на владата сочинета од СДС и ДУИ и претседателот во заминување“, нагласи Муцунски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

