Македонија
(Видео) Невладините ја потсетија Арсовска: Во декември 2021 ветивте, но нема бесплатни менструални производи во школите
Здружението Новинари за човекови права денес со прес-конференција пред Град Скопје ја потсети градоначалничката Данела Арсовска дека не го исполни ветувањето за бесплатни менструални производи во училиштата, кое го даде во декември 2021 година. Тие побараа и итен состанок со градоначалничката за брзо и ефикасно решавање на проблемот.
„Бараме Град Скопје, под ваше почитувано раководство, да преземе поактивни чекори за спроведување на родовото одговорно буџетирање и обезбедување бесплатни менструални производи во сите училишта. Овие иницијативи не само што ќе ја покажат вашата посветеност кон родовата еднаквост туку и ќе придонесат за поинклузивна и попросперитетна заедница. Сакаме да ја изразиме нашата длабока загриженост во врска со одложеното спроведување на ветената буџетска распределба на бесплатни менстурални производи во средните училишта. Во декември 2021 година за време на јавното обраќање дадовте ветување да вклучите буџетска ставка специјално наменета за бесплатни менструални производи во градскиот буџет. Оваа објава беше дочекана со голем ентузијазам и беше оценета како значаен чекор напред во справувањето со менструалната сиромаштија и промовирањето на благосостојбата на девојчињата во средните училишта низ Скопје. Но и покрај вклучувањето на оваа ставка теоретски недостига реализација, а наменетите корисници, младите девојки од нашиот град се уште не ја добиваат поддршката што им беше ветена “, рече Наташа од Новинари за човекови права.
Здружението побара поголема транспарентност од градоначалничката, објаснување зошто имплементацијата две години се одлага и каде завршуваат парите на граѓаните кои не можат да се наменат за бесплатни менструални производи во школите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

