Македонија
(Видео) Николова: Членството во ЕУ носи економски придобивки, блокадите на ДПМНЕ ќе бидат поразени
Со приемот во ЕУ на Македонија и се отвора пазар од над 500 милиони потенцијални потрошувачи, каде што македонските компании, под исти услови со компаниите од Унијата, ќе може да ги понудат и пласираат своите производи и услуги, изјави Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.
„Процесот на приклучување кон ЕУ значи хармонизација на законодавството со европските норми и стандарди, што создава подобри услови за бизнис и инвестиции, европеизирање на македонскиот бизнис-модел.
Тоа ги отвора трговските перспективи со потенцијал за раст на БДП, кој, според досегашните искуства, кај државите од ЕУ во првите пет години по членството растел со стапки од 80 до 90 отсто.
Истовремено, се отвора и пристап до европските фондови, каде што на располагање се најмалку 10 милијарди евра за земјоделството, енергетиката, малите и средните претпријатија, инфраструктурата, образованието“, вели Николова.
Членството во ЕУ, според неа, значи и шанса за голем скок на платите и раст на животниот стандард на граѓаните имајќи го предвид фактот што во првите пет години по зачленувањето во ЕУ, растот на платите во земјите членки на ЕУ изнесувал над 50 отсто, па сѐ до 100 отсто.
„Но, Христијан Мицкоски и ДПМНЕ сакаат тоа да го блокираат.
Со противењето на уставните измени, а со тоа и запирање на европскиот пат и неотворање на преговарачките поглавја, ДПМНЕ работи против интересите на државата и граѓаните, од кои над 80 отсто се за членство во Унијата“, нагласува Николова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

