Македонија
(Видео) Николовска: Со антикризните мерки СДСМ спречи ценовен шок во време на најголема криза

Во услови на светска економска криза која ја погоди и македонската економија, Владата предводена од СДСМ презема навремени и ефикасни мерки кои го штитат стандардот на граѓаните и обезбедуваат помош за компаниите, изјави на прес-конференција пратеничката на СДСМ, Фаница Николовска.
Таа рече дека минималната плата порасна на историски највисоки 18.000 денари, што е за двојно повеќе отколку пред четири години. Вели дека денес две минимални плати се доволни да се покрие синдикалната потрошувачка кошничка која за март изнесува 36.768 денари. Пред неколку години, рече Николовска, за да се покрие минималната кошничка беа потребни над четири минимални плати.
Додаде дека покрај минималната плата, растат и платите во образованието, здравството, градинките, одбраната, полицијата, културата и јавната администрација.
Како што најави, со растот на минималната плата ќе следува усогласување на сите плати, согласно рокот предвиден во Законот за минимална плата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.
Македонија
Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.
Македонија
Инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден надзор во општина Сарај затече запалена дива депонија

„Денес инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден инспекциски надзор во Општина Сарај затече запалена дива депонија составена од опасен отпад и градежен шут“, извести Град Скопје.
Локализиран е пожарот по брзата интервенција од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје, а дополнително затечени се палења на стрништа во Крушопек и Лака, а сторителите се санкционирани. Во изминатата недела инспекторите за животна средина и комуналните инспектори на град Скопје имаат изречено казни на над 100 сторители“, велат од Град Скопје.