Македонија
(Видео) Николовски: Изборите треба да се одржат веднаш штом се стабилизира епидемијата
„Денеска, по онлајн координацијата со шефовите на регионалните изборни штабови на СДСМ, ви ги презентирам заклучоците до коишто дојдовме заеднички.Во име на СДСМ, во име на Централниот изборен штаб и во име на регионалните и општински изборни штабови во шесте изборни едници,им благодариме на граѓаните и на институциите за високото ниво на свест, подготвеност и одговорност при справувањето со Ковид-19.Сега на сите ни е јасно дека преоѓаме во нова фаза, кога одиме кон нова нормалност на нашето живеење, нашето ново секојдневие, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.
СДСМ ги повикува сите граѓани за уште поголема внимателност и посветеност при почитувањето на мерките и препораките.
„Само ако носиме заштитни маски и ако се држиме на 2 метри дистанца ќе можеме полека да го вратиме јавниот транспорт во поголема функционалност, компаниите ќе се вратат во погон, а наскоро ќе може да се активираат и дел од угостителските капацитети.Само на овој начин, преку обезбедена епидемиолошка контрола, преку строги протоколи за новата нормалност и преку обезбедена заштита на јавното здравје, ќе може да зборуваме и за избори.
На македонската демократија и на македонскиот развој им требаат стабилни институции и колку што е можно поскоро враќање на нормалниот колосек на европските интеграции.На македонските граѓани им треба почетокот на преговорите. На македонските граѓани им се потребни функционални институции, а пред се функционален парламент.Затоа, веднаш штом се стабилизира епидемијата, за што сме оптимисти дека брзо ќе се случи, а на основа на сите епидемиолошки и здравствени анализи на клучните надлежни институции и авторитети во здравството веднаш после тоа треба да се реализираат изборите, во првиот можен рок.Во моментот кога епидемиолозите и здравствените авторитети ќе проценат дека има услови за враќање на општествените текови во функција, изборите треба да станат реалност, што поскоро“, истакна тој.
Николовски смета дека од здравствен аспект, најдобро е демократскиот избор на новиот македонски парламент и на новата македонска политичка влада со целокупна одговорност, да се случи во период кога короновирусот е совладан, а секако пред евентуална нова закана од повторно ширење на вирусот.
„Справувањето со пандемијата принудно го стопираше изборниот процес непосредно пред стартот на предизборната кампања. Скоро на крај од сите изборни дејствија којшто беа спроведени од страна на Државната изборна комисија Собранието сега не е во функција.
А, демократијата бара Собранието да ја контролира извршната власт и да биде на располагање за нови одлуки, со полн мандат од граѓаните. Тоа е причина повеќе да продолжиме по патот на обезбедување на новата нормалност, која веќе сите ја живееме. И веднаш штом здравството и епидемиолозите потврдат дека вирусот е под целосна контрола, треба да продолжи изборниот процес и изборните дејствија, онаму каде што застана на 12 април за веќе закажаните избори.Маските и дистанцата со сигурност стануваат наше секојдневие, ќе треба да се навикнеме на овие мерки при сите активности во секој наш нареден ден.
Обврска за сите политички чинители е на прво место да го стават здравјето на граѓаните и интересот на државата. Одговорно е да се носат одлуки растеретени од личните и теснопартиски интереси, а ниту една политичка кариера не е поважна од граѓаните.Граѓаните прават јасна разлика меѓу одговорниот пристап и неодговорноста.
Во меморијата на секој од нас остана онаа срамна изјава на Мицкоски на крајот од февруари оваа година.Мицкоски кажа дека „од СДСМ молеа бога да се случи корона вирус за да не може ВМРО-ДПМНЕ да излегува со народот на протести“.Тогаш ја исмеваше и ја потценуваше оваа пандемија и криза.Што е тоа што го натера Мицкоски да добие уплав од избори после 2 месеци?Неговите неуспешни напори да го одложи членството во НАТО, да не добиемеодлука за преговори со ЕУ или неговите подметнувања и желби, здравствените институциите да не успеат во справувањето со епидемијата?
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажаа крајно неодговорно однесување во клучните моменти за здравјето на македонските граѓани. Тие се свесни за тоа и затоа бегаат од секој еден демократски мегдан. Затоа не сакаат да функционира Собранието и парламентот, затоа не сакаат нормализација и избори.Мицкоски, граѓаните се уморни од вашето политичко и деструктивно однесување!И покрај сите ваши напори, Северна Македонија ќе успее и ќе продолжи да чекори по вистинскиот пат. СДСМ ќе продолжи да се однесува крајно одговорно и секој следен чекор, како и до сега, ќе биде исклучиво во функција на сигурната иднина на граѓаните“, додаде тој.
„Мицкоски,продолжи да спортуваш, така си најмалку опасен за македонското здравство, за македонската демократија и за македонските интеграции.Затоа што крајно неодговорно во целиот овој период е да се шират лаги и да се создава паника дека здравството имало само 100 тестови а веќе илјадници луѓе се тестирани. Или крајно неодговорно е и да се тврди дека 150 илјади луѓе останале без работа кога знаеме дека таа бројка е многу помала. Само околу 6 илјади луѓе се одјавени еве на крајот на месец април. Уште многу деструкции и неодговорност видовме во целиот овој период.
СДСМ и граѓаните сериозно се подготвуваат за новата реалност, за новата нормалност.Одговорноста на политичките партии и на институциите е да направат се, колку може побрзо да го обезбедиме нормалното секојдневие на граѓаните. Сите што се спротиставуваат на оваа цел на нормализирањето на состојбите придонесуваат земјата да ни остане во вонредна, во здравствено-економска криза, а тоа не е одговорно однесување“, додава Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

