Македонија
(Видео) Николовски од Крива Паланка: Со СДСМ се градат патишта и водоводи насекаде
„Се наоѓаме на влезот на Крива Паланка каде се гради експресниот пат Крива Паланка – Ранковце во должина од 23 километри.Источниот регион е добар пример за тоа дека кога се работи има резултат. Единаесет години ВМРО-ДПМНЕ го маргинализираше, го осиромашуваше, буквално го уништи. За само две и пол години, на истокот му се врати сјајот. Далеку од тоа дека се сме направиле, има уште многу работа пред нас. Но можеме уште повеќе и уште подобро“, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3.
„Не потпаѓајте под лагите драги луѓе. Затоа ги викаат фејк-њуз ВМРО. Мицкоски лаже за некакви фусноти, Николоски лаже дека ќе се затворале фабрики, Јанушев покрај криминални афери, сега гледаме дека е и насилник и за жените зборува без грам човечност!Гледајте ги фактите и реалноста. Ние сме македонски народ, со македонски јазик кој никогаш не бил повеќе признаен низ светот, во членка на НАТО и држава која влегува во ЕУ.
Замислете само неколку години нанапред кога ќе ги жнееме плодовите од сето ова. Уште невлезени во ЕУ, ние веќе почнуваме да одиме напред, а ќе одиме уште побрзо со отворање на врати кои за нас отсекогаш ни биле затворени. Тоа било за секоја земја членка на ЕУ, ќе биде и за нас.Тоа е иднината. А сегашната реалност е дека го изградивме и го пуштивме во употреба автопатот Миладиновци-Штип, патните правци Штип-Радовиш и Штип-Кочани ќе бидат комплетно пуштени во употреба во следниот период“, додаде тој.
Николовски рече дека се градат 260 километри автопати и 300 километри експресни патишта.
„Градиме 900 километри локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 километри постоечки патни правци.Се проширува патната и граничната инфраструктира на клучните премини Ќафасан и Деве Баир. Овде во Крива Паланка го градиме патот Крива Паланка –Деве Баир, и експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.Се гради насекаде, нема привилегирани региони.
Ја гасифицираме земјата. Влегуваме во завршницата на реализацијата на гасоводните магистрали, и продолжуваме додека не донесеме гас во секој дом. За да имаме пониски сметки за греење, за да имаме почист воздух.Иднината е зелена, самоодржлива и енергетски ефикасна. Иднината е паметна.Внимавајте кому ќе го дадете вашиот глас. За иднината се работи. Сакаме заедничко општество, еднаквост или сакаме да вратиме насилници на власт кои ќе ни прават списоци и ќе не држат во несигурност и страв.
Гласаа против зголемување на минималната плата. Во нивно време беше 9.000 денари. Сега е 14.500, а ќе ја покачиме на 20.000 денари во следниот мандат. Не го запирајте прогресот драги пријатели.Можеме уште повеќе и уште подобро“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Апасиев: Семејното насилство да се казнува повеќе од обичното, итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа
„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, пишува претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Тој порача дека „под итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа, кои се напикани со неспособни и нестручни партиски штабци! Под итно!!!“
Македонија
Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, велат од СДСМ
Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ.
„Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа.
Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ.
Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил.
Што глуми Максим Димитриевски?
Или не му дале некој нов тендер па мора малку да плаче по телевизија за да го добие?
Како оној во Пошта, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат“.
Максим, додаваат од опозициската партија, е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата.
„Затоа не мисли тој на работниците и тоа што тој и неговата влада одбиваат да им ја покачат минималната плата на 600 евра.
За тоа не се жали Димитриевски, не знае што е плата и како е да се преживее од први до први во месецот, како што се мачат над 200 илјади работници.
Сè е приватен бизис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери“.
Македонија
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.
Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.
„Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.
Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот.
Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
Подетални информации и потребните обрасци се достапни на: http://aerodrom.gov.mk/vest/9566“.

