Македонија
(Видео) Николовски: Со изборот на кандидатите и програмската понуда СДСМ воведе нови стандарди во интерес на граѓаните
Со победничкиот конгрес воведовме нови стандарди во политичкото дејствување, кои финишираа со еуфоричен, победнички, отворен, модерен концепт и настан на кој ја утврдиме изборната програма, кандидатските листи и ја донесовме одлуката за формирање на најголемата коалиција, порача генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со кандидатските листи за претстојните парламентарни избори и имињата што се најдоа на нив.
„Ние сме најголемата коалициска структура, најразнолика во историјата од независноста до денес, која првпат храбро ги обединува и Македонците, и Албанците, и Турците, и Бошњаците, и Ромите, и Власите и другите заедници“, рече Николовски додавајќи дека постапката за избор на кандидатите е водена по меѓународни стандарди, со интервјуа со голем број кадри, кои не се членови на СДСМ, и со споредбени анкети за избор, со кои СДСМ се држи до интересот и пораките што ги праќаат граѓаните.
Николовски истакна дека има некои детали во врска со кадровските прашања, пред сè, со коалициските партнери, кои ќе ги објавиме во законскиот рок до поднесување на кандидатските листи во ДИК.
СДСМ е отворен, модерен, европски, посветен на интересите на граѓаните и воведува нови високи стандарди, кои се далеку за која било политичка партија, а особено за ВМРО-ДПМНЕ, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

