Македонија
(Видео) Николов: Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме пониска цена на струјата

Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе и имавме доволно домашно производство немаше да купуваме енергија по 17 денари, за да ја продаваме 3,5 денари, туку ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена. Но наместо вистината, претседателот на РКЕ се слика и дава интервјуа за правдање на укинувањето на дневната евтина тарифа,изјави на денешната прес конференција Горан Николов, член на комисија на ВМРО-ДПМНЕ за енергетика
Тој додаде дека неуспехот на СДСМ во менаџирањето на енергетските компании се сведе на грбот на народот. Зголемувањето од 9,84%, заедно со укинувањето на дневната евтина тарифа се само дел од колапсот што го предизвикаа неспособните кадри на СДСМ.
Од СДСМ потсетуваат дека во услови на прогласена електроенергетска криза требаше да се помогне и на компаниите кои не се дел од регулираниот пазар. Но, за жал СДСМ отсекогаш сакала само евтини ПР кампањи и „бонбона“ бизниси. Затоа ја донесоа енергетиката до оваа состојба, за што народот уште долго време ќе чувствува последици.
За да се спаси она што е останато, неопходни се промени. Потребни се предвремени избори, после кои на местото на оние кои ја уништија енергетиката, ќе дојдат стручни кадри предводени од ВМРО-ДПМНЕ кои знаат како да решаваат проблеми и да управуваат со енергетиката.
Колку побрзо се случи тоа, толку побрзо Македонија ќе ги реши енергетските проблеми, додаде Николов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.