Македонија
(Видео) Николов: Триото Заев – Дончев – Филипче направи голема штета во јавното здравство
,,Триото Заев – Дончев – Филипче на здравството и на здравствениот систем гледаат единствено како на приватна фирма. Ако има пари добро, ако нема пари, да се затвори или да се продаде.
Наместо да развиваат вистински концепт за јавно приватно партнерство, каде што би постоел и интерес за јавните здравствени установи со зајакнување на нивните капацитети, спроведоа концепт кој што пропадна по 6 месеци. Со ова единствено што направија, ги распродадоа професионалците од јавното здравство да трчаат по приватни болници или да трчаат во странство”, изјави Игор Николов – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
,,Што направи друго ова трио за здравството?Прекинаа готов проект за клинички центар „Мајка Тереза“ со обезбедени пари од развојна ЕУ банка, спроведоа физибилити студии од кои нема никакви заклучоци, и последно актуелно го пропаднаа проектот јавно приватно партнерство за детската кардиохирургија за кој велеа дека е јавно приватно партнерство, а всушност немаше ништо такво.Со еден збор, последниве три години власт прават единствено штета на јавното здравство, и размислуваат како да го доразнебитат”, додаде тој.
Според Николов, за јавното приватно партнерство по нивниот терк, и Антикорупциска комисија отвори предмет.
,,Како и што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ така наречениот проект јавно приватно партнерство за детска кардиохирургија, воопшто не ни постоеше, освен за Дончев и за Филипче. Единствениот лиценциран лекарски тим за детска кардиохирургија во Македонија, усовршен и создаден со народни пари, му рече НЕ на Дончев и на Филипче. Апаратурата дополнително која е во висина од 1,5 милиони евра стои на клиниката за детска хирургија стои недопрена и неискористена. Наместо развој на јавните институции, ни се случи разнебитување.
Зошто? Затоа што јавно приватно партнерство всушност не ни беше ниту концепт!Да беше јавно приватно партнерство ќе важеа истите услови што важат и во јавниот здравствен систем, кој што ги штити правата и на пациентите и правата на медицинскиот персонал.А, тоа почитуваниот министер очигледно не знаете што е?! Тоа подразбира важење на законот, заштита на пациентите, заштита на медицинскиот персонал, транспарентност, на пример колку операции се направени, колкава е стапката на смртност итн.
Вие министре како никогаш да не сте работеле во јавно здравство?Дополнително ги заборавивте и граѓаните!Знаете ли дека предуслов за реализација на јавно приватно партнерство во сите сфери, а особено во здравството бара комплексна и добро подготвена Национална стратегија за имплементацијата на јавното приватно партнерство?Направивте се, само не тоа што треба!
Измина доста време, голема штета е направена во јавното здравство, посебно на граѓаните. Време е да се стави крај на ваквото однесување и ваквото владеење на Заев и на Филипче. Дајте си оставки додека е време, спасете го здравството и граѓаните на кои им е потребна медицинска помош. Потребно е техничка влада и што побрзо предвремени избори”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект
Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во продолжение на процесот започнат за спојување на ВЛЕН во еден субјект, објави на социјалните мрежи лидерот на движењето Беса, Билал Касами.
„Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на ВЛЕН и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат ВЛЕН.
Во оваа прилика, Собранието ме овласти мене како претседател да продолжам со разговорите за иднината на ВЛЕН, давајќи поддршка на спојувањето во еден субјект, со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот и волјата на гласачите на ВЛЕН и сите Албанци“, соопшти Касами.
На состанокот на Собранието, како што вели, била дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата.
„Членовите на собранието ја поддржаа мојата изјава дека Беса има капацитет за многу повеќе работа отколку што е сработено досега.
Анализата на работата на функсионерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата.
Движењето Беса верува дека позициите во Владата се средство за наша најдобра и најефикасна служба на сите граѓани, а особено на Албанците, и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип“, додава Касами.
Македонија
Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан
Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
Во рамки на конференцијата, Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации.
Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен придонесувач во НАТО алијансата.
Исто така премиерот Мицкоски на средбите и состаноците ќе ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ, без наметнати билатерални пречки.
На маргините на конференцијата, предвидени се средби со високи претставници на Европската Унија како и со шефови на влади и држави.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.

