Македонија
(Видео) Николоска: Беса и ДПМНЕ да ја повлечат одлуката за уривање на верското обележје на Попова Шапка
СДСМ бара од коалицијата Беса и ДПМНЕ во Општина Тетово да ја повлечат одлуката за уривање на верското обележје на Попова Шапка.
Прво, затоа што на Попова Шапка станува збор за црковен имот и верско обележје – крст во двор на манастир, а не за објект, истакна Фаница Николоска, пратеничка на СДСМ.
„Затоа што какви било провокации и дејства може да предизвикаат тензии со сериозни последици, да подгреат раздор, верски, политички или етнички поделби меѓу граѓаните.
Сите политички фактори, пред сè, коалициските партии Беса и ДПМНЕ во Советот на Општина Тетово, треба да работат за доброто на сите граѓани на Тетово. За жал, она што го гледаме е дека Беса и ДПМНЕ во Тетово со своите одлуки и сценарија сакаат да предизвикуваат штета на граѓаните, соживотот и меѓусебното разбирање“, оценува Николоска.
Загрижува, како што вели, тоа што сите штетни одлуки на Касами во Тетово се поддржани од ДПМНЕ како коалициски партнер на Беса.
Според неа, најважното место во Општината, по градоначалникот во Тетово, е секретарот, оваа позиција ја извршува Дарко Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Се сомневаме дека ова е дел од договорено сценарио на ДПМНЕ и Беса во предизборието. СДСМ заедно со граѓаните, со сите разумни и одговорни политички субјекти, ќе направи сè да не се дозволи сценаријата на Беса и ДПМНЕ во Тетово да успеат. Граѓаните ги повикуваме на смиреност, да не подлегнуваат на провокациите на Беса и ДПМНЕ, а институциите на будност и навремена реакција во рамките на надлежностите. Во името на сите граѓани на Тетово, соживотот и меѓусебната толеранција и почитување, бараме Општина Тетово и градоначалникот Касами да се воздржат од какви било понатамошни дејства, а одлуката да биде повлечена“, потенцира Николоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Македонија
Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )
– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)
– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )
– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).
Македонија
Намалена видливост поради магла на патот Неготино-Демир Капија
Намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино-Демир Капија, соопшти АМСМ.
За време на рехабилитација на државниот пат А2,секција од клучка Волково во должина од 250м во правец кон клучка Кондово поставена е сигнализација каде за сообраќај е затворена левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење(средна) и лентата за принудно запирање(десна лента).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Фото: депозитфотос

