Македонија
(Видео) Ноќна битка со огнот во селото Белица, пожарот ставен под контрола
Пламени јазици му се закануваа на кичевското село Белица, каде што пожарот со часови беснееше, а мештаните молеа за помош од надлежните, апелирајќи дека со голи раце не можат да се справат со огнената стихија. Ноќеска, по интервенција на службите и доброволците, пожарот е локализиран и нема опасност, објавија мештаните на фејсбук-страницата на Белица.
,,По интервенција на надлежните служби, пожарот пред влезот на нашето село е локализиран, има останато уште некое мало пламенче. Во име на месната задница од село Белица, голема благодарност до надлежните институции, кои навремено реагираа да не се случи голема катастрофа во нашето село Белица”, се вели во статусот објавен на Фејсбук.
Мештаните објавија видеа од тоа како пожарот брзо се шири кон селото, а први на удар биле плевните на земјоделците, велат мештаните.
Пожарот избувнал вчера попладне пред самото село, но во исто време биле активни уште два пожари – едниот на патот од Кичево, другиот кај рибникот и трет пожар кај селото Прострање. Огнот почнал да се движи кон Мескоец.
Сушата, сувата трева и лисјата што почнуваат да паѓаат од стеблата и ветерот го потпомагаат ширењето на овие шумски пожари на поширокиот регион и го отежнуваат нивното локализирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

