Македонија
(Видео) Обвинетите за убиството на Тот влегоа во судница, ракометарот починал од нагмечување на главата
Обвинетите за убиство на ракометарот Денис Тот првпат влегоа во судница. Анџело Ѓорѓиевски од Волково, Клементина Лефковска од Драчево и Андреј Костовски од Ново Село беа спроведени од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. За настанот постојат два ЦД-уреда со снимки, каде што се гледаат дејствата на секој од обвинетите што биле преземени.
Обвинителката од Скопското јавно обвинителство даде воведни зборови во кои рече дека тројцата обвинети и Тот излегле од ноќниот клуб во паркот за да си одат, влегле во такси-возило, кое стоело пред ноќниот клуб, па по кусата расправија во таксито, обвинетиот Костовски излегол, дошол до Тот, кој сè уште бил во возилото, и почнал да го влече за раката за да го извади од возилото.
„Кога излегол оштетениот надвор, имало вербална расправија, Андреј се оддалечил и застанал до предната десна врата на возилото. Обвинетата Клементина излегла од задната лева врата на возилото и најпрвин почнала да го турка оштетениот со двете раце во градите. Во тој момент од возилото од задната лева врата излегол и обвинетиот Анџело, кој ја оттргнал обвинетата Клементина од оштетениот и го удрил најпрвин со денсата рака со тупаница во пределот на левата страна на главата, а потоа со тупаница со левата рака во пределот на десната страна од главата по што оштетениот од ударите паднал на асфалтот и додека лежел долу, обвинетиот Андреј му се приближил и го удрил со ногата во пределот на телото. А потоа и обвинетата Клементина со ногата го удрила во пределот на главата, при што обвинетиот Анџело ја оттргнал, но таа повторно дошла до оштетениот и со десната нога во два наврата го удрила оштетениот во пределот на главата. Притоа и обвинетиот Андреј со тупаница го удрил штетениот во пределот на главата по што обвинетите Анџело и Клементина влегле во такси-возилото со намера да си одат, но обвинетата Клементина повторно излегла од возилото и пак го удрила со ногата во пределот на градите“, рече обвинителката.
По овие удари, Тот имал повеќе повреди, кои биле тешки, а како резултат на тие повреди тој паднал во кома и бил пренесен на Ургентниот центар.
„Како резултат на нагмечувањата во пределот на главата поради настанатата траума на главата дошло до нарушување и прекин на активноста на мозочните неврони, што резултирало со смртен исход“, додаде таа.
На почетокот од судењето адвокатот Емил Гугутчески од Прилеп, застапник на обвинетата Клементина, бараше одлагање.
„Ние немаме добиено ниту обвинителен акт. Во разговор со родителите на Климентина тие побарале од првиот адвокат да им ги достави доказите, но не ги добиле бидејќи не можеле да го добијат. Бараме да се одложи главната расправа за две недели да се спреми одбрана“, рече адвокатот Емил Гугутчески.
Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ не дозволи одлагање.
„Доказите треба да ги побарате од Обвинителството како што ги добиле другите колеги. Извршивте увид во предметот. Несериозно е да барате одлагање на кривичен предмет, каде што клиентите ви се во притвор. Да барате одлагање на предмет поради предмет за развод на брак е несериозно“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.

