Македонија
(Видео) Обвинетите за убиството на Денис Тот не се чувствуваат виновни
Првоосомничениот за убиството на Тот, Анџело Ѓорѓиевски од Волково, Клементина Лефковска од Драчево и Андреј Костовски од Ново Село не се чувствуваат виновни за убиството на ракометарот Денис Тот пред ноќен клуб во Скопје. Сите разбираат за што се товарат и зошто се на обвинителната клупа.
„За кривичното дело и за обвинителниот акт не се чувствувам виновен. Не признавам вина“, рече Ѓорѓиевски.
„Го разбирам обвинението. Не се чувствувам виновна“, рече Лефковска.
„Не се чувствувам виновен за ова дело што ми се става на товар“, рече Костовски.
Обвинителката од Скопското јавно обвинителство даде воведни зборови во кои рече дека тројцата обвинети и Тот излегле од ноќниот клуб во паркот за да си одат, влегле во такси-возило, кое стоело пред ноќниот клуб, па по кратка расправија во таксито, обвинетиот Костовски излегол, дошол до Тот, кој сè уште бил во возилото и почнал да го влече за рака за да го извади од возилото.
„Кога оштетениот излегол надвор, имало вербална расправија, Андреј се оддалечил и застанал до предната десна врата на возилото. Обвинетата Клементина излегла од задната лева врата на возилото и најпрвин почнала да го турка оштетениот со двете раце во градите. Во тој момент од возилото од задната лева врата излегол и обвинетиот Анџело, кој ја оттргнал обвинетата Клементина од оштетениот и го удрил најпрвин со десната рака со тупаница во пределот на левата страна на главата, а потоа со тупаница со левата рака во пределот на десната страна од главата по што оштетениот од ударите паднал на асфалтот и додека лежел долу, обвинетиот Андреј му се приближил и го удрил со ногата во пределот на телото. А потоа и обвинетата Клементина со ногата го удрила во пределот на главата, при што обвинетиот Анџело ја оттргнал, но таа повторно дошла до оштетениот и со десната нога во два наврата го удрила оштетениот во пределот на главата. Притоа и обвинетиот Андреј со тупаница го удрил оштетениот во пределот на главата по што обвинетите Анџело и Клементина влегле во такси-возилото со намера да си одат, но обвинетата Клементина повторно излегла од возилото и пак го удрила со ногата во пределот на градите“, рече обвинителката.
По овие удари, Тот имал повеќе повреди, кои биле тешки, а како резултат на тие повреди тој паднал во кома и бил пренесен на Ургентниот центар.
„Како резултат на нагмечувањата во пределот на главата поради настанатата траума на главата, дошло до нарушување и прекин на активноста на мозочните неврони, кое резултирало со смртен исход“, додаде обвинителката Тања Трајчевска.
Рочиштето се одложи за адвокатите да подготват одбрана за своите клиенти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

