Македонија
(Видео) Панова: СДСМ во 2016 не гласа за техничката влада, а сега прашуваат дали има таков пример
Ковачевски упорно прашува каде во светот има пример техничка влада да не биде поддржана од опозицијата, иако тие не гласаа во 2016 година, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова.
Како што рече, никаде во светот нема пример премиер да е човек како Талат Џафери од ДУИ, но има пример каде што техничката влада не била поддржана од опозицијата.
„Во 2016 година Владата беше изгласана, без за неа да гласаат пратениците од СДС, тогаш немаа изјави дека гласањето е обврзувачко и дека ако не гласаат, не треба да бидат избрани министрите по нивен предлог. Ова е листингот од гласањето на техничката влада во 2016 година помеѓу пратениците од СДС кои биле тогаш, а тука се и Јован Митрески, сегашен координатор на пратеничката група на СДС и предлог за претседател на Собранието за време на техничката влада, Јагода Шахпаска, министер во МТСП, актуелниот пратеник Горан Мисовски и потпретседателот на СДС, Стефан Богоев. И тогаш и сега обврска е на владејачкото мнозинство да избере влада за спроведување на изборите, т.е. техничка влада, во која министрите во МВР и МТСП, како и дополнителните заменик-министерски места во МИОА, финансии и земјоделство ќе бидат по предлог на опозицијата“, рече Панова.
Додава дека не е на власта да избира, а законот е дециден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори, бара ЛДП
По информацијата на Владата дека наредната недела ќе назначи повереници во општините кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија (ЛДП) ја информира јавноста дека ќе бара да се измени Изборниот законик.
Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Овие измени ЛДП ќе ги предложи за да нема никој нефер предност пред останатите кандидати за градоначалници, но и да се намали можноста за евентуални злоупотреби и несовесни работења на поверениците во периодот додека не се одржат повторените избори.
Оваа предлог мерка доаѓа по прифаќањето на предлогот на ЛДП за враќање на референдумското отповикување на градоначалници во Законот за локална самоуправа, кој веќе се наоѓа во Собранието и со кој после 30 години од укинувањето на референдумот, ќе се стави крај на заштитата на неефикасните и нетранспарентни функционери.
Доколку се усвојат и измените на Изборниот законик и се воведе ограничувањето за поверениците да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторните избори во четирите општини кои не обезбедија цензус во првиот круг, ќе се овозможат фер услови за коректен политички натпревар, ослободен од било какви сомнежи за дополнителни злоупотреби и политички влијанија, велат од ЛДП.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека нема да толерира незаконско постапување и девијантно однесување на поединци за кои постојат сомнежи дека ги прекршиле законските регулативи. Од партијата порачуваат дека Законот мора да важи еднакво за сите и дека секој фатен во корупција или криминал треба да понесе соодветна одговорност.
Во реакцијата се наведува дека државата не смее да се враќа во „мрачните времиња“, како што ги нарекуваат периодите кога, според нив, лица со основано сомнение или пресуди за криминал – меѓу кои ги посочуваат Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев и Рашковски – слободно се движеле без одговорност.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат надлежните институции целосно да го истражат случајот и да постапат до крај согласно законските прописи.
Македонија
За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра).
Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.
Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

