Македонија
(Видео) Панова: Талат Џафери ја суспендираше надлежноста на Уставниот суд, само за СДС да избега од референдум
Талат Џафери ја суспендираше основната надлежност на Уставниот суд, само за СДС да избега од референдум, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова.
„Ако Собранието го има врвниот познавач на правото Талат Џафери, зошто тогаш е потребен Уставен суд? Зошто е потребно други истакнати правници да седат во Уставен суд и да земаат плата, ако нивната работа веќе ја врши Џафери? Со што се задолжи антимакедонскиот СДС кај ДУИ, за Талат Џафери да прави вакви правни гимнастики за да ги спаси?“, праша Панова.
Според неа, над 60% од Македонците поддржуваа референдум и ќе излезеа на истиот. Огромно мнозинство од истите, како што рече, ќе гласаа за поништување на договорот со Бугарија. А, власта се исплаши од тоа.
„Антимакедонскиот СДС знаеше дека доколку на референдум излезат околу милион наши сограѓани, тоа ќе биде крај за сите нивни политики, не само крај за договорот, туку и за владата и партијата која го преговараше. Антимакедонскиот СДС го натера Талат Џафери спротивно од чл.24 од Законот за референдум да не дозволи негово одржување и се стави над целиот парламентарен систем и воопшто не го испрати барањето до претседателот на Законодавно-правната комисија, како што налага процедурата“, истакна Панова.
„Џафери по налог на Ковачевски влезе во правни гимнастики кои немаат реална правна подлога, туку чисто силеџиство и насилно практицирање на власта со кршење на сите норми и начела на правото. Со политичка одлука е спречен највисокиот чин на демократијата – референдумот“, вели Панова.
Дополни дека антимакедонскиот СДС, како што вели, и нивниот извршител во Собранието Талат Џафери треба да знаат дека од соочување со народ избегаа моментално, но одговорност пред народот ќе има, кога ќе бидат казнети и жестоко поразени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

