Македонија
(Видео) Пендаровски – Абдулах Бин Мухамед АлШеикх: С. Македонија ја цени улогата на Саудиска Арабија во напорите за стабилизација во регионот на Блискиот Исток
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура, кој престојува во официјална посета на Северна Македонија.
Како што е соопштено од кабинетот на Претседателот, на средбата било изразено задоволство од развојот на билатералните односи кои се карактеризираат со пријателство и меѓусебно разбирање и беше истакнато дека соработката меѓу двете земји е интензивирана во последните неколку години, што е потврдено со бројни активности на двете страни. Во оваа насока претседателот Пендаровски посочи дека со денешната посета, очекува натамошно зајакнување на парламентарната соработка, што е значаен сегмент од севкупните билатерални односи на двете земји.
Покрај ова, соговорниците разменија мислења и информации за моменталната ситуација на Блискиот Исток, а во контекст на важната позиција на Саудиска Арабија во арапскиот свет. Во оваа насока претседателот Пендаровски посочи дека Северна Македонија ја цени улогата на Кралството Саудиска Арабија во напорите за стабилизација во регионот на Блискиот Исток. Истовремено, претседателот Пендаровски нагласи дека за сите безбедносни прашања во Европа, како и на Блискиот Исток и регионот, Северна Македонија е усогласена со позицијата на ЕУ и ги координира своите политики во рамките на ЕУ и со земјите – партнери во НАТО.
На средбата стана збор и за економската соработка меѓу двете земји, при што претседателот Пендаровски упати честитки за ЕКСПО 2030, што ќе се одржи во Ријад. ЕКСПО 2030, како што истакна претседателот Пендаровски, ќе претставува додадена вредност во односот меѓу двете пријателски земји, а ќе влијае во македонската економија во различни области како енергетика, туризам, земјоделство и преработка на храна, недвижности, индустрија, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нестабилно време со дожд и грмежи до среда
По врнежите и невремето по кое во текот на ноќта полавени беа подруми во Охрид, од УХМР најавуваат дека до среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи.
Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок.
Температурите ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја
Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, без струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците на дел од село Долно Лисиче, реонот околу чаталот, ул.10 во општина Аеродром, од 10:30 до 14:30 часот дел од улица 16, на патот кон Визбеговово општина Карпош, а од 13:00 до 14:30 часот објектите на градинката Росица, на ул.„Мечкин Камен“, бр.45А. во општина Ѓорче Петров.
Македонија
Скопските и тетовските пожарникари гасеа три огнови на отворено, соопшти ЦУК
Во изминатото деноноќие Центарот за управување со кризи информира дека биле евидентирани три пожари на отворено.
Регионалниот ЦУК Скопје соопштил дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две помали интервенции поради запалено ѓубре и тоа на ул. „Ферид Заири“ во Општина Чаир и кај Езерото Треска во Општина Сарај.
Регионалниот ЦУК Тетово известил дека ТППЕ Тетово имала една помала интервенција поради запалена ниска вегетација кај село Чифлик во Општина Желино.
Центарот за управување со кризи соопшти дека изминатите 24 часа имало вкупно 1.491 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 62,84 отсто, а 37,16 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 63,18 отсто, кон итната медицинска помош 29,09 проценти, кон пожарникарите 2,73 отсто, a кон АМСМ 1,36 отсто од повиците кон бројот 112.