Македонија
(Видео) Пендаровски во Хрватска пречекан со државни и воени почести
Претседателот Стево Пендаровски денеска во Загреб со државни и воени почести беше пречекан од хрватскиот колега Зоран Милановиќ, со што почна неговата дводневна официјална посета на земјата.
По тет-а-тет средбата меѓу двајцата претседатели, хрватската и македонската делегација одржале пленарен состанок на кој биле потврдени пријателските односи и политичкиот дијалог меѓу двете држави, наведуваат од претседателскиот кабинет.
„Беа разменети мислења за повеќе аспекти од билатералните односи, беше реафирмиран константниот интерес за нивно натамошно продлaбочување, а покрај останатото, соговорниците разгледаа и прашања од значење за европската иднина на Република Северна Македонија и регионот на Западен Балкан“, се наведува во соопштението.
За време на посетата на Пендаровски се очекува да биде реафирмирана хрватската поддршка за Северна Македонија да ги почне пристапните преговори со Европската Унија.

Претседателот денеска ќе оствари средби и со претседателот на хрватскиот Парламент, Гордан Јандроковиќ, и со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ.
Утре Пендаровски ќе се обрати на билатерална деловна средба, со фокус на инвестиции, која се организира во соработка со Хрватската трговска комора, а на која ќе присуствува и македонска бизнис-делегација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

