Македонија
(Видео) Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Нов Зеланд и Виетнам
Претседателот Стево Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Нов Зеланд и на Социјалистичка Република Виетнам во Република Северна Македонија.
На церемонијата на предавање на акредитивните писма од страна на Ентони Џорџ Симпсон, новоименуван амбасадор на Нов Зеланд во Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски нагласи дека нашите две земји ја споделуваат визијата и одговорноста за посигурен и предвидлив свет, за одржлив развој и економски просперитет, како и за заштита на човековите права и на човековата околина, а овие цели најефикасно се остваруваат преку механизмите на мултилатералната соработка. Ја цениме активната улога на Нов Зеланд во рамките на ООН, рече претседателот Пендаровски додавајќи дека нè радува нашето партнерство и соработка на ова поле и во иднина.
Амбасадорот Симпсон нагласи дека двете земји, иако се географско оддалечени, споделуваат многу заеднички нешта, како што е посветеноста на обезбедување свој придонес кон одржувањето на светскиот мир и безбедност преку учество во меѓународните операции за одржување и поддршка на мирот, како и преку промовирање на дијалогот и мирното разрешување спорови во нашите соодветни региони и пошироко. Нов Зеланд, додаде амбасадорот Симпсон, ја препознава значајната улога на Северна Македонија во одржувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан.
На церемонијата на предавање на акредитивните писма од страна на Доан Туан Лин, новоименуван амбасадор на Социјалистичка Република Виетнам во Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски истакна дека двете пријателски земји демонстрираат искрена желба и настојувања за развој на билатералните односи и соработка во сите области од заемен интерес изразувајќи уверување дека заемната соработка ќе биде збогатена со нови содржини.
Амбасадорот Лин рече дека е почестен што е назначен како амбасадор во нашата земја истакнувајќи дека ќе го даде својот придонес кон натамошното зајакнување на пријателството меѓу Виетнам и Северна Македонија во интерес на народите на двете земји.
Претседателот Пендаровски на новоименуваните амбасадори им посака успех во вршењето на одговорната дипломатска функција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

