Македонија
(Видео) Пендаровски: Да им дадеме шанса, простор, време и ресурси на младите умови
Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на презентацијата на развиени прототипови од студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE 2019), што се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Скопје.
Студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE 2019) е иницијатива на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ за демонстрација на иновативниот капацитет на студентите на УКИМ, а во презентацијата на прототиповите реализирана од седум тимови, учествуваа студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Архитектонскиот факултет, Економскиот факултет, Фармацевтскиот факултет, Филозофскиот факултет и од Факултетот за земјоделски науки и храна.
Пендаровски во своето обраќање, истакнувајќи дека ретко се среќава ваква меѓуинституционална и меѓуфакултетска соработка, нагласи дека ваков интердисциплинарен пристап е попродуктивен. Порача дека на овој пионерски потфат треба да се угледаат и други универзитети од целата држава.
„Да им дадеме само шанса, простор, време и ресурси на овие млади умови и само треба да ги следиме, ништо повеќе од тоа“, рече претседателот Пендаровски.
Претседателот се осврна и на политиката на државата кон образованието и кон науката и оцени дека како држава недозволено малку одвојуваме за образованието, а уште полошо стоиме во однос на одвојувањето средства од буџетот наменети за истражување и развој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

