Македонија
(Видео) Пендаровски додели ордени за заслуги
Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ги одликуваше Милица Стојанова, Милка Ефтимова и Стојна Вангеловска со Орден за заслуги за Република Северна Македонија и им додели признание Повелба на Република Северна Македонија на Факултетот за драмски уметности на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и на Националната установа Турски театар.
На свеченоста, која се одржа во Филхармонијата на Северна Македонија, претседателот Пендаровски во своето обраќање порача дека одликувањата се сатисфакција за посветеноста, за вложениот труд и за ефектите од него врз одликуваните.
„Но, тие се и нешто повеќе од тоа – тие се аргумент дека пошироката заедница поседува референтни точки врз основа на кои може да ги гради понатаму своите развојни политики во сите витални општествени сфери. Освен што зборуваат за државните приоритети, одликувањата потврдуваат и дека во општеството постои јасно одбележана патека со критериуми за вреднување во рамките на хуманите вредносни системи“, посочи претседателот на државата.
Пендаровски нагласи дека денешните добитнички на Орден за заслуги на Република Северна Македонија: Милица Стојанова, Милка Ефтимова и Стојна Вангеловска, како и институциите, добитници на повелби на Република Северна Македонија: Факултетот за драмски уметности, Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и Националната установа Турски театар се примери за највисоки национални вредности што опстојуваат со децении како неоспорни константи во македонската држава и општество.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.

