Македонија
Кризниот штаб ја прифати препораката за укинување на маските во основните училишта
Главниот координативен кризен штаб за справување со Кoвид-19 (ГККШ) на денешната седница одлучи да ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и на Владата да ѝ предложи измена на одлуката со која учениците во основните училишта ќе посетуваат настава без маски, освен ако ученикот по сопствена волја не бара да носи заштитна маска.
За наставниците и за другите вработени во училиштата, останува препораката за носење маски.
„ГККШ донесе заклучок до Владата да ја достави и препораката за физичко присуство на наставата на факултетите, со силен апел за вакцинација и на студентите и на образовниот кадар.
На оваа своја седница ГККШ одлучи да ѝ предложи на Владата да ја измени одлуката за максимална исполнетост на капацитетите во затворен простор од досегашните 50 % да се зголеми на 75 %, со задолжително носење заштитни маски и почитување на другите протоколи за заштита од Ковид-19“, се наведува во соопштението.
На денешната седница е прифатен и заклучокот на Комисијата за заразни болести, Владата да го укине делот од протоколот за угостителските објекти, со кои се бара сертификат за вакцинација за отворените простори на локалите, а за затворените делови останува обврската за задолжително поседување сертификат за вакцинација или за прележаност на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато
СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, велат од партијата.
„Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен. Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството“, велат од СДСМ.
Како што додаваат, веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество.
„Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато. Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.