Македонија
(Видео) Пендаровски-Мицотакис: Oфицијалната посета на највисоко ниво важен момент во развојот на односите
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Грција, денеска во Атина се сретна со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис.
На средбата соговорниците разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, при што беше оценето дека официјалната посета на највисоко ниво означува важен момент во развојот на односите.
Претседателот Пендаровски оцени дека постои видно подобрување на билатералните односи меѓу двете држави по потпишувањето на преспанскиот договор, со потенцијал за натамошно зајакнување на соработката во секое поле од заемен интерес.
На средбата претседателот Пендаровски истакна дека треба да се искористи целиот потенцијал и двете држави да градат вистинско стратешко парнерство.
Соговорниците на средбата разговараа за можностите за натамошно зајакнување на економската соработка, при што беше изразено задоволство од трендот на зголемување на трговската размена. Претседателот Пендаровски изрази уверување дека економската соработка треба да биде темелот на односите меѓу двете држави, имајќи ги предвид придобивките за економиите на двете страни. Во таа насока беше истакната потребата за натамошен развој на инфраструктурното поврзување меѓу двете држави.
Претседателот Пендаровски изрази благодарност за силната поддршка што Грција ја дава за апсирациите за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, оценувајќи дека деблокадата на процесот ќе придонесе за стабилноста и напредокот на целиот регион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен ветер од северен правец
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.

