Македонија
(Видео) Пендаровски на средба со припадници на Армијата, кои учествуваат во справувањето со пандемијата
Претседателот Стево Пендаровски, денеска, во Вилата „Водно“, прими припадници на Армијата, кои учествуваат во справувањето со пандемијата на Ковид-19. Станува збор за припадници на Армијата, ангажирани во Дебар, Центар Жупа и во Куманово, во кризните подрачја на северната и на јужната граница и за обезбедување објекти наменети за карантинско сместување.
Припадниците на Армијата во разговорот со претседателот Пендаровски споделија дел од искуствата информирајќи го за одличната соработка со локалното население за време на нивниот ангажман во изминатите два месеца. Соговорниците изразија задоволство што ниту еден од припадниците на Армијата не се заразил со Ковид-19 за време на вршењето на должноста во кризните подрачја.
Пендаровски изрази благодарност до сите припадници на Армијата за вложените напори во справувањето со пандемијата на Ковид-19 и поддршката што им ја даваат на институциите, особено на Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи и единиците на локалната самоуправа. Претседателот Пендаровски истакна дека припадниците на Армијата, без исклучок, се секогаш меѓу првите што даваат помош и поддршка во кризни ситуации, честопати помагајќи и во задачи што примарно се надлежност на други институции. Благодарение на вашата професионалност и посветеност во исполнувањето на задачите, рече претседателот Пендаровски, Северна Македонија денес е членка на НАТО, а Армијата во континуитет ужива највисока доверба кај граѓаните.
„Како врховен командант се гордеам со вашите несебични заложби, покажаниот висок професионализам, но и дисциплина и посветеност во овие тешки времиња. Вашата подготвеност да помогнете таму каде што најмногу е потребно треба да биде пример за сите нас. Во моментите кога целиот свет се соочува со пандемијата на Ковид-19, вие ни покажувате колку е важно да бидеме солидарни еден кон друг и да си помагаме меѓусебно. Ви благодарам за вашата посветена работа“, рече претседателот Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кацарска ја чува обезбедување, денес добила закани дека „страшно ќе одговара“
Непознато лице денеска напладне во близина на ТЦ „Рамстор“ во центарот на Скопје вербално и се заканувало на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. По инцидентот интервенирало нејзиното обезбедување.
„Полициски службеници од полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите ‘ќе одговараш, страшно ќе одговараш’. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Пред неколку дена во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на Кацарска.
Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Утре затворени неколку улици во Скопје
Утре од 08.30 до 12.30 часот, поради одржување на натпревар „Стопански триоги триатлон”, со стартно-целна позиција кај Спортскиот центар „Борис Трајковски” во дел од градот ќе има изменет режим на сообраќај, соопшти СВР Скопје.
Посебниот режим на сообраќај ќе опфати дел од уличната мрежа околу СЦ „Борис Трајковски” и дел од булеварот Илинден (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со булевар 8 Септември до крстосницата со улицата Никола Парапунов и обратно.
Утре исто така со почеток во 09.45 часот, поради одржување на спортско-рекреативен настан „Прв до врв” ќе има посебен режим на сообраќај во делот од градот каде што ќе се реализира манифестацијата.
Настанот почнува пред Музеј на град Скопје – улица Св.Кирил и Методиј, потоа лево по булеварот Св.Климент Охридски, во продолжение право по булеварот Мајка Тереза, па лево по улицата Тодор Александров и по локалниот пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски крст”).
Македонија
Сиљановска Давкова – Павловски: Максимално да се искористат сите можности за економски развој на земјава
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова остварила средба со Крис Павловски, директор на водечката светска компанија за дигитални платформи Рамбл, кој е во посета на земјата во рамките на конференцијата Македонија 2025.
На средбата, како што соопшти претседателскиот кабинет, Павловски ја претставил работата на Рамбл, компанија која котира на индексот Наздак на берзата во Њујорк, со нејзината етаблирана видео платформа и е во подем во дејноста на развојот на дигиталната инфраструктура и клауд услугите.
Како водечки претприемач со македонско потекло, Павловски изнел мислења за состојбата во дигиталниот сектор, за трендовите и перспективите кои може да се искористат.
Претседателката Сиљановска Давкова го информирала Павловски за нејзината иницијатива за развивање на соработката со македонската дијаспора, со цел максимално да се искористат сите можности за економски развој на земјава.