Контакт

Македонија

(Видео) Пендаровски: Никогаш во историјата на нашата земја не е разговарано на толку високо политичко ниво за аерозагадувањето

Објавено пред

Во првиот дел од седницата на Советот за безбедност, што се одржа во кабинетот на претседателот Пендаровски, се разгледаа тековни прашања од интерес на безбедноста на државата.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Пендаровски во дадената изјава по завршувањето на седницата рече дека прва точка на дневен ред беше извештај за состојбата со нашите војници кои се во меѓународни мисии, за која реферирале началникот на Генералштабот и министерката за одбрана. Претседателот рече дека во овој момент имаме војници во меѓународни мисии во Босна и Херцеговина, во Авганистан, во Либан, како и војници кои се распоредени на нашата јужна граница.

„Состојбата со сите наши контингенти и на границата со Република Грција и надвор од нашите граници е редовна“, изјави претседателот Пендаровски.

Втора точка на дневниот ред, посочи Претседателот, беше извештај за тековните процеси на кадровска и техничка екипираност на Оперативната техничка агенција за која директорот на ОТА реферираше до каде е стигнато со просторното сместување, кадровското екипирање, обуката на неопходниот кадар, техничко-технолошката опрема која е неопходна за да ги извршуваат своите задачи и обврски согласно Законот.

„Можеме да констатираме дека во тој дел работите се одвиваат со она темпо кое го посакуваме. Тука имаме дел и странски експерти кои помагаат од самиот почеток на етаблирање на таа за нашиот систем нова институција и можам да кажам дека и нивните евалуации се прилично позитивни и дека ОТА за година и пол колку што постои е веќе на висина на својата задача. Некои поголеми потешкотии во нејзиното работење не се забележани“, рече претседателот Пендаровски.

Вториот дел на седницата беше посветен на проблемот со аерозагадувањето, и присутните ја поздравија иницијативата на Претседателот за подигнување на темата на така високо ниво, а сите се согласија дека оваа тема не треба да се политизира и да се користи во дневно-политички препукувања.

Претседателот Пендаровски на прес-конференцијата рече дека на оваа тема се разговарало повеќе од 2 часа, а дијалогот го оцени како конструктивен. Проблемите во делот на заштитата на животната средина, посочи Претседателот, треба да се решаваат подобро и системски и никој не може да ги реши во еден мандат.

„Главната идеја која беше при свикувањето ја реализиравме, тоа е кревање на јавната свест, затоа што никогаш до сега во историјата на нашата земја на толку високо и репрезентативно политичко ниво не е разговарано за овој проблем кој станува сè поактуелен, не само кај нас, не само во нашиот регион, туку насекаде во светот. Советот за безбедност е советодавно тело на Претседателот, не е тело кое одлучува, кое решава. Ние не се собравме тука за да донесеме одлуки за решавање на овие проблеми, или за забрзување на позитивните трендови во оваа област. Неспорно е дека е потребно и на ова ниво да дадеме еден импулс плус во јавноста, да ова прашање се третира не ад-хок, туку системски, односно посистемски од досега. Јас мислам дека тоа беше и главната поента која сите учесници во денешната дебата ја поддржаа, често се разговара за ова – на највисоко политичко ниво и луѓето кои се во невладиниот сектор да бараат отчет од луѓето кои се платени да работат во таа област“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски потсети дека и во неговото годишно обраќање се заложил за зголемување на државниот буџет за заштита на човековата околина, кое, како што нагласи, би морало во наредните години да биде што е можно побрзо и што е можно поблиску до просекот на земјите членки на Европската Унија.

Според Претседателот и поглавјето 27, што се однесува на заштита на човековата околина, се смета за едно од најтешките и едно од најскапите во преговорите, и во тој дел ние мораме добро да се подготвиме.

„Еве сега на седницата чувме дел од учесниците дека поглавјето 27 според проценка на преговарачите од Црна Гора, која е прилично одмината во тие преговори, тие сметаат дека во една декада би ги чинело милијарда и пол евра. Ако одиме по тие параметри, значи уште сега би можеле да кажеме една цифра, како една груба проценка, дека нас поглавјето 27 би нè чинело над 5 милијарди евра. Значи станува збор за исклучително важен сегмент од животот на луѓето“, рече претседателот Пендаровски, по завршувањето на втората седница на Советот за безбедност.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски

Објавено пред

Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.

Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Објавено пред

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.

dobivaj vesti na viber

Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.

Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.

Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.

За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.

Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.

На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација

Објавено пред

Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.

Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.

Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.

Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.

Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.

Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.

„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.

Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија14 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија15 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија16 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија16 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија18 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа18 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија19 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион19 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет19 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија20 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија20 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија20 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион21 час

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет21 час

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет21 час

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион23 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион23 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија1 ден

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија1 ден

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...