Македонија
(Видео) Пендаровски се сретна со новиот словенечки премиер, Роберт Голoб

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, во рамките на самитот на НАТО се сретна со Роберт Голоб, претседател на Владата на Република Словенија.
Честитајќи го формирањето на новата словенечка влада, претседателот Пендаровски изрази очекување дека ќе продолжи одличниот развој на билатералните релации на политички и економски план.
Соговорниците разговараа за прашањето на европската интеграција на Северна Македонија и регионот, кое е постојано високо на словенечката надворешнополитичка агенда, при што претседателот се заблагодари за постојаната словенечка поддршка за нашето пристапување кон ЕУ.
На средбата исто така се разговараше и за одличната соработка во областа на одбраната, која е особено значајна за двете земји како сојузнички во НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Затворена кардиохирургија без да обезбеди алтернатива“, партијата Левица бара оставка од Таравари

„Скандалозниот случај со починат пациент на Клиниката за кардиохирургија, поради некоординираност и неодговорност на власта, мора да резултира со одговорност и оставка на министерот Таравари. Иако Таравари упорно манипулира со јавноста, фактите се јасни и потврдени во извештајот на Државниот здравствен иинспекторат“, велат од партијата Левица.
„Односно, министерот Таравари поради реконструкција ја затвори единствената сала на Клиниката за кардиохирурхија, без да обезбеди соодветна алтернатива кај приватните болници, кои инаку добиваат мегаломански суми од Фондот за здравство. Да се затвори болница која изведува операции на пациенти во животно-загрозувачка состојба и притоа да не се менаџира соодветна алтернативна, е ништо друго освен крајна неспособност и неодговорност, која заврши со изгубен живот на пациент.
Од однесувањето на Таравари може да се заклучи дека министерот или воопшто не е информиран што се случува на клиниките или свесно ги остава да тонат, со оглед на тоа што министерот не знаеше дека на клиниките нема ниту набавени стентови. Таравари, бегајќи од одговорност, не даде ниту одговор каде да се оперира пациент со истата дијагноза на пациентот кој почина на Клиниката за кардиохирургија.
И ова не е изолиран случај, туку целокупната работа на министерството за здравство е проследено со скандали, некомпетентни кадровски решенија и сомнителни тендери за провизии. Потсетуваме дека министерот Таравари минатата недела манипулираше дека има лекови за онколошките пациенти, за потоа самиот да биде демантиран од директорот на Фондот за здравство дека поради тендер, повторно доцнат лековите.
Ноншалатното однесување на Таравари, кој неколу дена избегнува да даде одговор зошто не било соодветно изменаџирано затворањето на салата на Клиниката за кариохирургија, не смее да помине без одговорност. Не смее власта на Мицкоски да го штити катастрофалното работење на Таравари заради мир во коалицијата, која чини изгубени животи на пациенти. Левица бара итна и неотповиклива оставка на министерот за здравство Таравари!“, се наведува во соопштението на партијата Левица.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска со почеток во 20.00 часот поради одржување на меѓународен фудбалски натпревар на Националната арена „Тодор Проески“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улиците околу арената.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 06:30 до 13:00 часот, с.Сарај -пат за с.Лубин кај кафе бар Лозана.(Општина Сарај)
· Oд 08:00 до 15:00 часот, дел од с.Долно Лисиче реон околу надвозникот.(Општина Аеродром)
· Oд 09:00 до 13:00 часот, Тутинска, Мара Јосифовска, Драчевска, Јанко Мишиќ, Бранко Заревски (општина Кисела Вода)
· Oд 09:00 до 14:30 часот,дел од потрошувачит на ул.51 во с.Волково (општина Ѓорче Петров)
· Oд 09:00 до 15:00 часот, Алдинци, Црвена Вода, Цветово, Драчевица, Горно и Долно Количан, Палиград (општина Студеничани и Зелениково)
· Oд 09:00 до 15:00 часот, Морани (општина Студеничани)
· Oд 09:00 до 15:00 часот, депонија Дризла, Бато (општина Студеничани)
· Oд 09:00 до 14:30 часот, Булевар Патризански Одреди, зграда бр.129 (општина Центар)