Македонија
(Видео) Петрушевски: Седат Пекер имал двоен матичен број и бил во зградата на владата
																								
												
												
											Лице кое ги обединува аферите Мафија 1 и 2 е Седат Пекер, тој имал лична карта со украден идентитет – Џедан Ахмедовски, а тој Џедан Ахмедовски имал и втор матичен број на име на Џеладин Ахмедовски, тврди Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека премиерот Зоран Заев мора да одговори што барало ова лице на средби со негови коалициони партнери и дали Седат Пекер имал средби во владата и доколку да, со кого?
„Дали на такви средби е разговарано за некакви бизниси и дали во тоа е вклучен неговиот брат Вице? Спасовски и Заев биле мрежа и логистика на ваквите незаконски дејанија и затоа треба да си поднесат оставка, а министерот Спасовски испаѓа дека не се борел против мафијата туку станал нејзин најдобар другар. Повикуваме ЈО веднаш да утврди и да изврши увид во целокупниот изборен материјал во ДИК и да се утврди колку од овие лица го оствариле два пати своето право на глас, и како со тоа е влијаено на изборниот резултат“, рече Петрушевки.
Според него, се отвора сериозен сомнеж дека на власт имаме коалиција која ги украла изборите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

