Македонија
(Видео) Петрушевски: ЈО да не чека, одговорност за Груби мора да има, но и за неговите помагачи од СДС

ЈО да не чека, одговорност за Груби мора да има, но и за неговите помагачи од СДС. ЈО не смее да дозволи Артан Груби да помине само со црна листа на САД. Самиот факт што нашиот стратешки партнер има докази за влијание на Груби во судски предмети говори дека и ЈО истите мора да ги обезбеди и тој да одговара, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
„Ако ЈО не поведе постапка против Груби оваа генерација обвинители ќе биде 100% виновна зошто довербата на народот во нив е само 2%. Груби не е сам, СДС му беа логистика и одговорност мора да има за сите. Артан Груби за кој видовме дека земал мито за да влијае на судски предмети не е сам, СДС како партија му биле испостава и помагачи. 7 години ДУИ и СДС поставува свои луѓе во правосудството. Никој не може да претпостави колкав е бројот на предмети на кои Груби и СДС влијаеле и ја спречиле правдата или донеле одлука во граѓанска постапка во нечија корист“, додава Петрушевски.
Ги повикува обвинителите и судиите да се освестат, да излезат од јаремот на ДУИ и СДС и да почнат да си ја работат работата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно место се објавени?

Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно достапно место се објавени?, прашува Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Пешевски е на чело на синдикат каде работниците на скелиња земаат минимална дневница, за разлика од таа на Пешевски, кој е поставен таму не од граѓаните како пратениците, туку од тесен круг од неговите пријателчиња од ССМ. И таа позиција си ја наследуваат од колено на колено, како и неговите пријатели и ментори од црвената буржоазија на СДС.
Ако Пешевски со имот и примања како комунистички директор е претставник на работничките права, тогаш неговиот ментор Заев е чесен човек, а тие Лехваленса, објави на ФБ Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ“.
Македонија
One Stop Shop од средината на април ќе се воведе на границата со Косово

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од средина на месец април (14.04.2025) официјално ќе започне со работа заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на заеднички граничен премин Долно Блаце – Елез Хан.
„Овој чекор претставува конкретна реализација на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, со цел олеснување на прекуграничното движење, намалување на времето на чекање и зголемување на ефикасноста на граничните контроли“, соопштуваат од МВР.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му

„СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација? Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките? Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше. Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините“, посочувааат од партијата и додаваат:
„СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства“.
Претходно Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ рече дека постои нов скандал во министерството на Андоновски и дека тендер добиле родители на негов вработен.