Македонија
(Видео) Петрушевски: Љупчо Коцевски премолче за сите криминали на СДС
Љупчо Коцевски премолче за сите криминали на СДС. Владата се погрижи 8 месеци ЈО Љупчо Коцевски да има клима за работа без притисоци и со институции на располагање без притисок од некој политички центар, изјави на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„ЈО Љупчо Коцевски, 8 месеци наместо да се зафати за работа и да почне да ефектуира случаи на висока корупција, тој го преспа периодот.
Љупчо Коцевски не само што не отвори постапки за случаи за кои и јавноста и медиумите гласно зборуваа, туку и ги забошоти случаите кои како готови му беа сервирани од разни институции.
Љупчо Коцевски наместо во спроведување на законот, се фрли на соработка со СДС“, вели Петрушевски.
Истакна дека е неминовна е смената на Коцевски, особено по извештајот на Транспаренси, кaде е очигледно дека тој е еден од главните виновници за истиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

