Македонија
(Видео) Платите на хирурзите покачени за 5.300 денари, повисоки плати и во школите и во градинките
На вработените во градинките, училиштата и болниците септемвриската плата ќе им биде зголемена за пет отсто. Зголемената плата ќе им биде исплатена во октомври, најавија денес министрите за финансии, образование, здравство и труд и социјала. Покачена плата ќе добијат вкупно 53.656 вработени во основните и во средните училишта, во здравствените установи и во детските градинки.
Министерот за здравство Венко Филипче најави дека во неговиот сектор, зголемувањето од пет отсто значи покачување од 1050 – 5.300 денари на платите на здравствените работници.
„ Можеби пет проценти звучат помалку атрактивно но треба да се потенцира дека на наставниот кадар на хируршките гранки на универзитетските клиники во просек платата ќе се зголеми за 5.300 денари, на докторите специјалисти на универзитетските клиники ќе се зголеми за 4.500 денари, на медицинските сестри на универзитетските клиники со високо образование во просек за 2000 денари, на средно медицинскиот кадар за околу 1500 денари. Во општите болници наставниот кадар ќе зема поголема плата за околу 4.700 денари, лекарите специјалисти во општите болници за 4060 денари, медицинските сестри со високо образование за 2050 денари, средно медицинскиот кадар во општите болници ќе зема плата поголема за 1050 денари“, образложи министерот за здравство Венко Филипче.
Тој нагласи дека освен покачувањето на платите на вкупно 19.123 вработени, постојано инвестираат во модернизирање на болниците.
Министерот за образование и наука Арбр Адеми смета дека постепено се враќа дигнитетот на просветителската дејност и нејзината важност во општеството.
„Неодамна потпишаната спогодба со нашиот најголем социјален партнер Синдикатот за образование, наука и култура на Македонија гарантира трајно зголемување на платите за пет отсто на сите вработени во јавните и државните основни и средни училишта во земјата, независно дали се ангажирани на определено или на неопределено работно време. Станува збор за околу 30.000 вработени од кои 21.288 во основно образование и 8950 во средно образование. Со потпишаните спогодби на вработените им се гарантира и најнискиот износ на плата и тоа 12. 714 денари во основните училишта и 13.117 денари во средните училишта“, рече министерот Адеми.
Тој најави дека интенцијата на Владата е трендот на пораст на платите да продолжи и во периодот што следи.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, потсети дека ова е второ покачување на платите на варботените во градинките во последната година.
„ Поголема плата ќе добијат сите воспитувачки и негувателки кои работат во предучилишното образование. За зголемувањето Министерствто за труд обезбеди 15 милиони денари. На ова зголемување од пет проценти му претходеше зголемување од два проценти кои што се случи минатата година и не застануваме тука. Постојано со вработените и со синдикатите работиме на создавање на систем на професионален развој во предучилишно образование и кариерно зголемување на платите понатаму, рече Царовска.
Министерот за финансии Драган Тевдовски објасни дека покачувањето на платите на вработените во здравството и образованието е предвидено во Буџетот за 2018 година.
„Јасно ни е дека не се работи за голема промена. Промената е согласно со можностите но насоката е јасна, за Владата зајакнувањето на јавното здравство и образованието е приоритет. Не смееме да дозволиме земјата да биде на дното на ПИСА тестовите, не смееме да дозволиме докторите да се иселуваат или да си одат од јавното здравство. Ние сме решени да вложуваме во човечкиот капитал. На земјава и требаат среќни и квалитетни наставници кои ќе ги учат нашите деца, ни требаат задоволни и квалитетни доктори кои ќе не лекуваат во јавното здравство. Со години во минатото се запоставувале овие сектори, ресори. Владата уште со првите чекори покажа дека тоа нема да биде така“, рече министерот за финансии Тевдовски.
Министрите и најавувањето на зголемувањето на платите го искористија да укажат дека единствениот пат кон поголеми плати, подобро здравство и квалитетно образование е влезот на Македонија во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа
„Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени. Судските случаи се кроеја по политичка мерка. Наместо правда, имавме политички пресметки, а наместо владеење на право, имавме владеење на страв“, истакна тој.
Членови на ВМРО-ДПМНЕ, вели Манасиевски, беа предмет на политички прогон, а притисокот не застануваше само на нив, се одеше и кон нивните семејства.
„Тоа не беше борба за правда, туку демонстрација на сила. Случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска е само еден од симболите на тој систем. Поранешниот врховен судија Катевеновски јавно посочи дека таа немала никакво сторено кривично дело. Кога предметот стигнал до него, на рочиште зад затворени врати јасно кажал дека нема да даде позитивно мислење за притвор и дека одлуката ќе ја координира заедно со неговите колеги. Но, разговорот со колегите никогаш не се случил. Утредента, на седница на Судски совет, која била свикана по насока на тогашната власт, судијата Катевеновски бил разрешен. Разрешен бил поради тоа што не постапил по политичка директива. Тоа е вистинското лице на Зоран Заев и на СДС. Ветуваа вистина и правда, а испорачаа селективност, криминал и корупција. Оние кои зборуваа за независно судство, создадоа зависно правосудство“, рече тој.
Според Манасиевски, денес, клопчето се одмотува.
„Сведоштвата стануваат сè погласни. Индициите и сомнежите за директна поврзаност помеѓу СДС, Заев и одредени одлуки во правосудството не смеат да останат без одговор. ЈО има обврска да постапи. Затоа што вистината, колку и да се прикривала, секогаш излегува на површина“, заклучи Манасиевски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт, како Катевеновски од Врховен
„Власта на СДС целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да биде по нејзин терк“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По насока на СДС и Зоран Заев се бирале подобни и послушни судии и обвинители, и по нивна насока, експресно, за еден ден се реазрешувале непристрасни судии и професионалци кои не беа под нивна контрола.
Таков е и примерот на поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катевеновски кој тоа отворено, пред целата македонска јавност, го кажува.
Во свое телевизиско гостување, Катевеновски тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашната власт и коалициски партнери СДС и ДУИ.
Станува збор за судско рочиште на кое поранешниот судија истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и дека за тоа ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие.
После само еден ден од оваа негова изјава Судски совет свикал итна седница на која експресно бил разрешен иако, како што вели Катевеновски, изјавата била дадена зад затворени врати.
Тој посочува дека неговото разрешување не било случајно, туку истото дошло од тогашните власти СДС и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети.
Тоа што во изминатите години го зборуваме, дека СДС и ДУИ под своја целосна контрола го ставиле судството и обвинителството и дека судиите и обвинителите ги бирале во партиските седишта во Струмица и Зајас, веќе се потврдува со јавни сведоштва.
СДС и ДУИ, на чело со Заев и Ахмети одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одговорност од одреден случај.
Овој случај уште еднаш покажува дека СДС и ДУИ си ја партизираа државата и ги заробија институциите.
Тоа време веќе заврши и за тоа е потребна одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

