Македонија
(Видео) Попова: Шилегов исече и соголи речиси цел еден парк во Маџари
Зад мене се случува уништување и масовна сеча на дрва и зелена површина која се одвива со знаење и под директива на Петре Шилегов. Шилегов исече и соголи речиси цел еден парк, обвини Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.
Жителите на Тријангла и Маџари со право се изреволтирани. Она што претходно им служеше како парк и разонода сега повеќе го нема. Бесцелно се исечени дрва, додека пак улицата „Благој Стефковски“ не е проширена со дoполнителни ленти. Тоа значи дека без план се осакати животната средина и неповратно се исечени десетици дрва.
Со месеци жителите се на удар на прашина, нечист воздух, кал, а сега остануваат и без голем дел од паркот. Шилегов стана главниот дрвосечач во град Скопје, а ветуваше зеленило и чист воздух. Шилегов владее со измама, криминал и лаги и затоа тој повеќе ја нема довербата од Скопјани“ рече Попова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

