Македонија
(Видео) Попов: Граѓаните порачаа дека СДСМ ќе замине во историја и поддршката ќе ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ затоа што секогаш се тука за граѓаните

-Заедно мојот тим во рамки на акцијата што ја организира ВМРО-ДПМНЕ сме во посета на населени места во општина Крушево. Денеска ги посетуваме населените места Врбоец, Свето Митрани, Пресил и Бучини. Со оглед на тоа дека овде и локалната власт е преводена од СДСМ, овде кај граѓани владее една вистинска агонија, истакна Сергеј Попов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при теренските активности.
Попов од крушевскиот регион укажа дека во селата во овој регион нема канализации, инвестиции и никакви содржини за младите.
-Во ниту едно село нема канализација, нема инвестиции, нема за младите никакви содржини, нема никакви игралишта, ичилиштата се руинирани. Младите мора да патуваат до другите населени места за да најдат било каква рекреација, кажа тој.
Попов од терен порача дека граѓаните со нетрпение чекаат парламентарни избори за да ги пратат СДС во историјата и поддршката да ја дадат за ВМРО-ДПМНЕ.
-Граѓаните денеска ни искажуваат една голема поддршка и со нетрпение ги чекаат парламентарните избори со цел да го пратат СДСМ во историја и поддршката да ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ, за следната влада која што ќе се формира во Република Македонија да биде влада на народот, влада која нема да ги заборава овие населени места во Република Македонија. Продолжуваме и понатаму да се среќаваме со нашите граѓани, да влеваме надеж, да зборуваме со нив и сите заедо ќе стигнеме до победа, порача Попов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.