Македонија
Утре без струја западниот дел од Скопје и скопско
Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре, на 04.06.2023 година (недела) во периодот од 04.00 до 08.00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од: с.Волково, с.Кондово, с.Горно и Долно Свиларе, с.Грачани, с.Радуша, с.Дворце, с.Копаница, с.Рашче, с.Бојане, с.Сарај, с.Глумово, с.Грчец, с.Шишево, с.Арнакија, с.Паничари, с.Раовиќ, с.Ласкарци, с.Љубин, с.Буковиќ, с.Матка, Карпош 3, Карпош 4, дел од Влае, дел од Хром, Момин поток, Злокуќани, дел од Козле, дел од Нерези и Тафталиџе (општините Сарај, Карпош и Ѓорче Петров).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претрес и кај Иџет Мемети во случајот со барањето поткуп
Синоќа по наредба на судија на претходна постапка извршен е претрес во домот на членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети во Тетово и претрес во службените простории на Советот на јавни обвинители.
Претресот е поради сомнеж дека Мемети заедно со врховниот судија, Наке Горгиев, имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности.
Мемети е и поранешен министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија.
Судијата Наке Георгиев вчера беше приведен, откако бил фатен со мито.
Македонија
Османи изрази задоволство за донесената одлука за отворање на Aмбасада на Казахстан во Скопје
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Казахстан во Република Северна Македонија, Сатибалди Буршаков.
Министерот Османи изрази задоволство за донесената одлука за отворање на Aмбасада на Казахстан во Скопје, при што беше констатирано дека ваквиот потег ќе придонесе кон продлабочување на односите меѓу двете земји.
Соговорниците го поздравија и досегашниот развој на билатералните односи и разговараа за потенцијалите за натамошно унапредување на севкупната соработка, со посебен акцент на можностите за зајакнување на соработката на полето на економијата, трговската размена, туризмот, културата и образованието.
Скопје
Дел од неколку скопски општини без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од с. Студеничани. (Општина Студеничани)
· од 09:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Ринхини и Езерци во нас. Влае. (Општина Карпош)
· од 10:00 – 12:00 часот, корисниците од ул. Пелистерска бр. 2, во нас. Карпош 3. (Општина Карпош)
· од 13:00 – 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Миле Поп Јорданов, (објектите во околината на Градинката Пролет). (Општина Карпош)