Контакт

Македонија

(Видео) Почна состанокот на лидерите од Западен Балкан во Берлин

Објавено пред

Во Берлин попладнево почна состанокот на лидерите од Западен Балкан, на кој ќе се разговара за најважните актуелни теми, кои се однесуваат на Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Северна Македонија и Албанија.

dobivaj vesti na viber

На состанокот во Берлин, чиишто домаќини се германската канцеларка, Ангела Меркел и францускиот претседател, Емануел Макрон, стигнаа лидерите од Западен Балкан, меѓу кои и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

На разговорите присуствуваат и претставниците на Европската Унија, Федерика Могерини и Жан-Клод Јункер.

(Видео) Меркел го пречека Заев во Берлин

Македонија

Изгорено човечко тело пронајдено во Ѓорче Петров – прва жртва од пожарите во скопско

Објавено пред

Човечко тело било пронајдено изгорено во помошна просторија по пожарот што вчера избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина на Железничката станица во Ѓорче Петров, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Макфакс“.

dobivaj vesti na viber

Пожарот, пријавен околу 18 часот, прво зафатил сува трева, но потоа се проширил и на неколку помошни објекти и штали во кои имало домашни животни. Бригадата за противпожарна заштита Скопје интервенирала и го изгаснала пожарот.

„Во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Објавено пред

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите. Ќе добиваат месечен надоместок од 24.000 денари, а оние што ќе се покажат како најдобри, ќе добијат и вработувања. Повикот до невработените е нова мерка на Владата опфатена со оперативниот план за вработување, која првпат се спроведува кај нас.

dobivaj vesti na viber

„Наместо да дејствуваме несинхронизирано и откога штетите се веќе направени, денес почнуваме со процес на навремена подготовка, превенција и мобилизација на ресурси и луѓе. Мерката предвидува вклучување 400 невработени лица, кои ќе бидат ангажирани за извршување јавни работи, со фокус на создавање противпожарни појаси и други активности за спречување и намалување на ризикот од пожари. Секој ангажиран учесник ќе добива месечна финансиска поддршка од 24.000 денари. Сите оние што ќе покажат особен интерес, посветеност и висока подготвеност, по завршувањето на оваа мерка, ќе бидат трајно ангажирани преку нивно вработување во институциите што се надлежни за оваа работа“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева.

Владата смета дека мерката има двоен ефект – еколошки и социјален – оти обезбедува приход и вклучување невработени лица, а во исто време се гради функционален и одржлив систем за заштита од пожари. Предвидено е да бидат опфатени 14 општини, односно сите општини во кои има противпожарни единици, со исклучок на Кочани и Струмица, кои не се пријавиле за мерката.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, ги повика сите граѓани, „особено оние што бараат работа со малку поголем предизвик и кои истовремено сакаат да ѝ помогнат на татковината да се справи со пожарите што претстојат“ да се пријават на огласите што ќе бидат распишани од страна на општините. Ангелов рече дека лицата што ќе се пријават во Скопје на огласите на Општина Кисела Вода се очекува бројката да биде меѓу 80 и 100, ќе бидат распоредени во тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување. Предвидено е да поминат кратка обука, а потоа од најдобрите ќе бидат избрани неколкумина за новата специјална единица за заштита и спасување.

„Можеби сумата на прв поглед не е примамлива, но сите оние што ќе се пријават на овој оглас на територијата на целата држава и ќе покажат особен успех во справувањето со пожарите, ќе имаат можност професионално да бидат вработени во некоја од територијалните противпожарни единици во државата. За жал, две општини не се пријавија на овој оглас, општините Кочани и Струмица, и бројките што беа предвидени за овие две општини, најверојатно, ќе бидат распоредени во другите. Оние што ќе се јават на овој оглас треба да бидат психофизички здрави, верувам дека сите тоа го знаат, но дополнително ќе утврдиме на кој начин ќе биде проверена и физичката подготвеност на овие луѓе бидејќи луѓе што имаат хронични болести, срцеви заболувања, луѓе што имаат проблем со шеќерот, не е добро да се пријавуваат на вакви огласи“, рече директорот Ангелов.

Извршната директорка на ЗЕЛС, Дивна Перишиќ, смета дека со овие вработувања малку ќе се доближиме до неопходната бројка на пожарникари, која е над 1.500. Сега, според податоците што ЗЕЛС ги прибира, бројката на вработени пожарникари е меѓу 700 и 800 во целата држава. Со 400 нови вработувања ќе се реши половина од проблемот, а другата половина Перишиќ најави дека ќе се обидат да ја решат со изработка на нов закон за заштита од пожари, во чија изработка ќе учествува и ЗЕЛС.

Прикажи повеќе...

Македонија

Алиу: Дигитализацијата не е технолошки луксуз, туку предуслов за ефикасно здравство

Објавено пред

Од

Дигитализацијата не е технолошки луксуз, туку предуслов за правично, ефикасно и отчетно здравство. Затоа почнавме со подготовка за измена на 12 основни закони од здравствениот систем, изјави министерот за здравство, Азир Алиу.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека секој закон ќе биде третиран од посебна експертска работна група затоа што, како што рече, модерно здравство не се гради со импровизации, туку со прецизни, системски правила.

„Здравствениот систем не може да се води со претпоставки. Затоа почнавме и со мапирање на состојбите, реална процена на капацитетите, потребите и на празнините. Времето на одлучување од око завршува, иднината е здравство што одлучува врз основа на податоци, не врз навика“, рече Алиу.

Додаде дека Министерството за здравство веќе активно работи на системот базиран на петте столбa со цел да се трансформира  здравството во стабилен и политички независен здравствен систем, а посебен фокус е ставен на дигитализацијата како темел на здравствен систем базиран на реални податоци.

„Градиме систем како што се гради алгоритам, со точно дефинирани влезови, процеси и резултати. Во тој алгоритам граѓанинот е на излезот, а човечката грижа е во јадрото. Процесите што ги почнавме нема да останат декларативни, тие се дизајнирани да се засилуваат во динамика и да даваат мерливи резултати“, рече Алиу.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Изгорено човечко тело пронајдено во Ѓорче Петров – прва жртва од пожарите во скопско

Човечко тело било пронајдено изгорено во помошна просторија по пожарот што вчера избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина...

Македонија23 минути

(Видео) На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите....

Македонија1 час

Владата со бесплатни инвитро-процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот

Пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Македонија повеќе од една деценија се соочува со сериозна фертилитетна рецесија и...

Македонија3 часа

Апелот на Министерството за здравство да не се снимаат пациентите од дискотеката во Кочани е загрижувачки, смета Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост поради апелот на Министерството за здравство до медиумите да не ги фотографираат...

Македонија4 часа

Кирков: Поморот во куќата на стравот продолжува – во Скопје ЗОО починаа уште две лами

„Нашата, скопската Зоолошка, е една хорор-приказна изминативе 3,5 години, ја нареков куќата на стравот со цел некоја ‘умна’ глава преземе...

Македонија5 часа

(Видео) Два полициски хеликоптера го гаснат пожарот во околината на Блаце

Денеска, од 5 часот, полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за...

Европа5 часа

(Видео/фото) Масивен руски напад со дронови врз Киев, Харков и Одеса

Руските сили ја нападнаа Украина со беспилотни летала од типот „Шахед“, при што најтешко се погодени Харков, Одеса и Киев,...

Македонија5 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот кај Блаце делумно под контрола

Рано утрово по 5 часот e започнато со гасење на големиот пожар на отворен простор, којшто вчера во попладневните часови...

Свет6 часа

Татко загина спасувајќи го семејството во Тексас: катастрофалните поплави одзедоа најмалку 80 животи

Катастрофалната поплава што го погоди југоисточен Тексас одзеде најмалку 80 животи, вклучувајќи 21 дете, соопштија локалните власти. Обилните дождови што...

Македонија6 часа

(Видео) Три хеликоптери го гаснат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата...

Свет6 часа

Трамп: Испраќаме писма за царините до сите земји

САД ќе почнат да испраќаат писма до своите трговски партнери за нови договори и тарифи почнувајќи од денес, изјави американскиот...

Свет7 часа

Трамп: Тажно е да се гледа како Илон целосно ја губи контролата

Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече плановите на Илон Маск за основање нова политичка партија „смешни“ и додаде дека Соединетите...

Свет7 часа

(Видео) 80 мртви во поплавите во САД, меѓу нив и 28 деца: потрагата по исчезнатите продолжува

Бројот на жртви од катастрофалните поплави што го погодија централниот дел од Тексас рано утрово се искачи на најмалку 80,...

Македонија8 часа

(Видео) Ангелов: Mожна причина за пожарот кај Блаце е фрлено догорче од цигара од возило во движење или намерно потпалување

Два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, еден Хермелин со цистерна на ДЗС, еден Пинцгауер на ДЗС и едно теренско возило...

Македонија8 часа

Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница во Бардовци, нема причина за загриженост, велат од Министерството за здравство

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја...

Македонија8 часа

(Видео) Во седум налети хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода

Вчера полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање...

Македонија13 часа

Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

Ноќеска е нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце. Укината е забраната и за товарните моторни возила и за автобусите....

Македонија18 часа

Евакуација во Психијатриската болница Бардовци, пожарот го зафати дворот

Попладнево избувна пожар во населбата Геге кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште шест кандидати за градоначалници

Покрај кандидатурата на Орце Ѓоргиевски за градоначалник на Скопје, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за уште шестмина кандидати кои...

Македонија22 часа

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети – целта беше отворање јавна дебата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за немажени и неженети, појаснувајќи дека изјавата имала за цел да...