Македонија
(Видео) „По пожарот на модуларната болница во Тетово, Филипче не требаше никогаш повеќе да се појави во јавност, а не да биде претседател на опозиција“, вели Лефков

„По пожарот на модуларната болница во Тетово, Филипче не требаше никогаш повеќе да се појави во јавност, а не да биде претседател на опозиција. Венко Филипче не се грижи за никого, само за својата кариера. Доколку Филипче имаше малку морална големина, тој никогаш повеќе немаше да се врати во политиката“, рече Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
„Филипче и Заев изглумеа по пожарот во модуларната болница во која изгореа 14 луѓе, глумат и сега. Филипче нема образ, кога немаше срам да остане министер по пожарот во модуларната болница, тој нема срам и одговорност за ништо.
Венко Филипче е пример за политичар на кого зборот не му држи ниту еден час.
Се што прави Филипче е за кариерен спас и да не одговара.
Позицијата претседател на СДС ја презема за да може да се вади ма политички притисок, кога ќе биде повикан на одговорност за сите криминали.
Народот памти, а институциите ќе почнат да работат. Одговорност мора да има“, изјави Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).