Македонија
(Видео) Рамковски: Сè уште се плашам од груевизмот
Сопственикот на згаснатата А1 телевизија, Велија Рамковски во своето обраќање на панелот “Жртви на режемот” сведочеше за деновите поминати во затвор, изживувањето од страна на стражарите, претресите во ќелијата. Рамковски кажа дека сеуште се плаши од “груевизмот”. За времето кога постоеше телевизијата, тој кажа дека по секое завршување на вестите добивал повик од Груевски, на што реагирала и неговата сопруга.
“Последниот судир меѓу мене и Груевски настана во август 2010. Меѓу првите луѓе кои го видоа ‘Скопје 2014’ бев јас. Искоментирав дека ова ќе чини пари, а луѓето пари за лекови немаат. Кај новинарите кажувам дека тој е скренат скроз и дека со него нема разговор. До крајот на 2010 бевме уапсени сите”, рече Рамковски во воведот.
Присетувајќи се на деновите поминати во затвор, Рамковски рече дека најтешки биле деновите бидејќи не можел да ја види својата ќерка Емел која беше во истиот затвор. Малтретирањето било по наредба од Груевски, сведочеше Рамковски.
“Меѓу затворениците има изрека ‘Само гробот е полош од затворот’. Првите денови во Шутка мислев дека не можам да дишам. 28 месеци бев во Шутка. Да не можеш да излезеш да те дувне ветер. Во Шутка за мене имаше посебно шеталиште, а ме следеа двајца стражари наместо еден, но и преку видео-надзор. Секој ден ми вршеа претреси. Тие не смееше да не ме малтретираат, оти имаа страв од Груевски. Тоа беше битка за опстанок. Таму за да останеш жив и здрав, за да излезеш е страшно тешко. Но главното и најтешкото за мене беа моментите на шеталиштето. Од прозорите ме гледаше мојата ќерка Емeл. Таа ме гледаше 28 месеци, а јас нејзе не можев. Во точно даден термин нејзе ја тргаа, мене ме пуштаа. Другите затвореници си подаваа кеси преку решетки, ние не можевме да се видиме. Кога ќе дојдеше жената, таа седеше цел ден во затворот бидејќи одеше на посета кај мене, братот, Емел. Јас се радував кога ќе одев на судењата, само тогаш можев да ја гушнам ќерка ми”, сведочеше Рамковски.
Груевизмот сè уште е внатре во институциите, рече Рамковски, додавајќи дека тој сè уште има страв од него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мојсоска: Кој не ги виде машините во изворот што ја снабдува Струга со вода?
Кои институции ’не го виделе’ копањето и машините во самиот извор кој ја снабдува цела општина Струга со вода, прашува пратеничката од Левица, Јована Мојсоска преку социјалните мрежи, посочувајќи дека според член 100 од Закон за минерални суровини јасно е утврдено кој е одговорен за надзорот над експлоатацијата на минерални суровини.
Во објавата таа ги посочува Државениот инспекторат при Министерство за животна средина и просторно планирање, инспекциските служби во Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и ОЈО Струга.
„Ниту обвинителите во Струга, ниту МВР ’не знаеле’ и ’не виделе’ дека машини се поставени во самите извори, во населено место и дека копаат без концесија/ со истечена концесија (според официјалните информации од ОЈО Струга). Улогата на обвинителството и МВР е превентивна (а не откако ќе се случи екоцид) – ама вработувањето на клатоглавци го зема својот данок“, пишува Мојсоска.
Дополнително Мојсоска поставува прашање во врска со постапувањето на терен. Таа посочува дека ОЈО Струга официјално известило дека „додека на терен собирале докази, ги затекнале машините на двете фирми кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите”. Во таа насока прашува зошто не се одземени машините од фирмите со кои се фатени во вршење кривично дело, како што предвидува член 100 од Закон за минерални суровини.
Македонија
Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, во периодот од 2020 до 2024 година, откако бил поставен како вршител на должност директор, а потоа именуван за директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом Куманово, склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата, без претходно да добие одобрение од Министерството за здравство и без да обезбеди согласност за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии.
На тој начин тој постапил спротивно од одредбите од Законот за работни односи и Законот за трансформација во редовен работен однос. Притоа, во истиот временски период ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил плати во вкупен износ од 21.744.788 денари или 353.573 евра на штета на буџетот на Здравствен дом Куманово.
Македонија
„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби
Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по апсењето на екс-вицепремиерот и еден од првите луѓе на ДУИ, Артан Груби.
„Црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв за тоа што не знаат за што се е подготвен да прозбори Артан. Откако катастрофално изгуби ДУИ на локалните избори и паднаа во вода сите лажни ветувања на Ахмети за предвремени избори и наводен влез во Влада, на Артан не му останува ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови. Но кој се ќе оди курбан заедно со него допрва ќе видиме“, се вели во реакцијата.

