Македонија
(Видео) Ристова: Опозицијата блокира закон со кој ќе се реши статусот на 4.700 наставници
Пратеничката на СДСМ Лолита Ристова во собраниската Комисија за образование и наука истакна дека околу 4.700 наставници во државата го очекуваат донесувањето на законот за наставници и стручни соработници, со кој очекуваат да им се реши статусот, да добијат правна и економска сигурност во државата.
„Не можеме да дозволиме да ги одолговлекуваме процесите, коишто ќе овозможат решавање на статусот на наставниците и на стручните соработници, им порача Ристова на пратениците од опозицијата кои го блокираат донесувањето на законот. Испитувањата кои МОН покажуваат дека има 1464 наставници од средно и основно образование, на коишто 2 години не им е трансформиран работниот однос од неопределено на определено време, како и 2592 наставници во основно и 734 наставници во средно образование на кои над 2 години не им е трансформиран работниот однос, односно 4.700 наставници го очекуваат да им се реши статусот, да добијат правна и економска сигурност во државата“, нагласи Ристова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.
Македонија
Мисајловски во Брисел: Македонија со НАТО-сојузниците за инвестициите и безбедносните приоритети
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.
Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на днешениот останок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.

