Македонија
(Видео) СДСМ ги повикува сите пратеници да го поддржат Законот за минимална плата
Денеска на собраниската седница на дневен ред се измените на Законот за минимална плата. Со овие измени минималната плата веќе за месец март ќе изнесува најмалку 18.000 денари и неа ќе ја добиваат околу 80.000 работници. Тоа е двојно повеќе отколку пред пет години кога таа изнесуваше 9.000 денари, изјави на денешната прес-конференција Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.
Таа додаде дека со новото зголемување на минималната плата го вреднуваме трудот на работниците и го унапредуваме нивниот животен стандард.
Колева додаде дека како одговорни пратеници, продолжуваат да реализираат законски решенија кои се во интерес на граѓаните и економијата.
Таа ги повика сите пратеници да дадат поддршка на измените на Законот за минимална плата, за веќе од следниот месец, 80.000 наши сограѓани да добиваат повисока минимална плата од 18.000 денари.
Истовремено, Колева ги повика и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од блокадите на Законот за наставници со што за 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование ќе се обезбедат трајни вработувања и со тоа и повисоки плати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

