Македонија
(Видео) СДСМ: Наставата од први септември почнува со физичко присуство, да се почитуваат протоколите
Еден од врвните приоритети на Владата предводена од СДСМ и Министерството за образование и наука е создавањето услови за квалитетно образование, истакна пратеничката од СДСМ, Даниела Колева.
За таа цел, реча таа, Владата донесе одлука од 1 септември наставата во основните и средните училишта да започне со физичко присуство во сите училишта, за што се подготвени сите протоколи за заштита на здравјето.
„Наставата со физичко присуство е најдобриот избор за заштита на менталното здравје и одржување на нивото на квалитет на наставата и социјализација на учениците. Од исклучителна важност е целосно почитување на протоколите за настава со физичко присуство во основното и средно образование, бидејќи само на тој начин сите ќе го заштитиме своето и јавното здравје“, додаде Колева.
Според Колева, предвидени се и исклучоци од физичка настава за учениците кои во семејството имаат хронична болест или самиот ученик боледува од хронична болест, или поради немедицински причини, за што одлука ќе носи самото училиште ако има аргументација за тоа.
Со ова, како што рече, се создава можност за тие кои се во здравствен ризик да следат онлајн настава во текот на целата учебна година.
„Во случај на промени во епидемиолошката состојба, МОН е подготвено за лесна и брза промена на моделот на настава со резервно сценарио со кое ќе се обезбеди континуитет во образовниот процес. Образовниот систем е подготвен за три сценарија – целосно физичко присуство, целосно онлајн и хибридно. Овие идеи се предложени и сте засегнати страни се известени. Во моментов Владата има одлука да се започне со физичко присуство согласно нашите, но и искуствата на развиените земји“, потсети Колева.
Додаде дека дополнително, во образовниот систем вакцинирани се 69%, што е два пати повеќе од националниот просек. Тоа, според неа укажува на високата свесност на наставниците за вакциницијта а очекувањата се оваа бројка за брзо да порасне над 80%.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

