Македонија
(Видео) СДСМ: Eкономијата расте, НАТО отворa нова можност за македонските компании

Уште една добра убава вест за македонските компании: од овој месец може да учествуваат на јавните тендери на НАТО, соопшти денеска на прес-конференција, Димитар Ковачевски, член на Извршниот одбор на СДСМ.
Како што посочи тој, годишниот буџет за кој може да конкурираат македонските компании е околу 5 милијарди евра.
„Членството во НАТО влијае како катализатор за подобрување на економските потенцијали на земјите членки. Законските измени се веќе направени и стапени се во сила за оваа нова огромна можност за македонските компании“, истакна Ковачевски.
Според него, вистинските економски политики на Владата носат повеќе пари и подобар стандард за граѓаните.
„Извозот на стоки од Република Северна Македонија во првите шест месеци од годинава бележи раст од 39,1 % во однос на истиот период лани. Извезени се стоки во вредност од 3,4 милијарди евра. Дури и во криза, просечната плата континуирано расте и достигна 28.721 денара. Невработеноста успеавме драстично да ја намалиме на историски најсниски 16 %, иако имаше сериозни предизвици“, порача претставникот на владејачката партија, според кого овие економски показатели водат до заклучок дека Владата на СДСМ има добро осмислена економска политика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).