Македонија
(Видео) Седуммина нови пациенти се тестирaат за коронавирус, меѓу нив две бремени жени

На Клиниката за инфективни болести за коронавирус се тестираат седуммина нови пациенти меѓу кои и две бремени жени, извести министерот за здравство Венко Филипче. Петмина од нив се вратиле во Македонија од Швајцарија, Австрија и Германија, а симптомите им се јавиле неколку дена по враќањето. Двете бремени жени се од Дебар.
„Станува збор за пациенти од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид. Дел од нив престојувале во Швајцарија, Аврстрија и Германија, тоа се пациентите од Штип, Куманово, Тетово и Кичево. После неколку дена од враќањето развиле висока температура, а сега се во одделите за изолација. Нивните резултати ќе бидат готови во текот на денот. Од Охрид еден пациент и две родилки кои вчера се донесени од Дебар. Едната е во болницата во Охрид, другата е во Скопје, двете се во оддел за изолација. Во стабилна состојба се и не се непосредно пред породување. Ги донесовме за да се направат тестовите и да бидат спремни за породувањето“, рече министерот Филипче.
.
Резултатите од тестовите се очекуваат во текот на денот, а новозаразени пациенти денес нема.
Сите хоспитализирани пациенти се со лесна клиничка слика вклучувајќи го и 15 годишниот пациент, а кај пациентката од Дебар која е на респираторни машини забележливо е значајно подобрување на параметрите, но состојбата се уште и е непредвидлива.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Штедачите на „Еуростандард банка“: Пет години нема ниту едно обвинение, ниту еден обвинет, ниту едно рочиште

Пет години по затворањето на „Еуростандард банка“, оштетените штедачи повторно јавно реагираат дека истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал стагнира – без обвиненија, без обвинети и без рочишта. „Само молк, само време што истекува, само надеж што бледнее,“ велат од Здружението.
„Не го забораваме јавното признание на Трифун Костовски за сторен криминал – незаконското префрлање на 3 милиони евра депозити во Комерцијална банка. Не ги забораваме фирмите поврзани со директори, роднини и бизнис-кругови, кои добиле кредити без реални гаранции. Не ги забораваме погледите на нашите најмили кога сфатија дека нивната макотрпна заштеда исчезнала преку ноќ поради недомаќинско работење на поедини криминогени умови. Не забораваме дека според извештајот за стечајот, 149 фирми не вратиле ниту една рата, а 58 од нив добиле кредити вредни 16,8 милиони евра, обезбедени само со обични меници“, велат штедачите.
Истакнуваат дека голем дел од оштетените се пензионери, работници и мали бизниси. Тие обвинуваат за „внимателно испланиран криминал“ во кој се вклучени лица од бизнис и семејни кругови на поранешни директори.
„Ќе постоиме додека последниот денар не биде вратен и додека последниот одговорен не биде изведен пред лицето на правдата. Во целиот овој план единственото нешто што не го планирале е дека ние – оштетените – ќе се обединиме и нема да замолчиме,“ порачаа од Здружението, прашувајќи дали побрзо ќе се изгради пругата Скопје–Солун отколку што ќе се поднесе обвинение за криминал тежок над 50 милиони евра.
Македонија
Без струја две улици во Илинден и Волково

ЕВН Македонија АД известуваат дека на денес без електрична енергија ќе останат:
· од 08.30 до 12.30 часот, корисниците на улица бр. 27 во нас. Илинден. (Општина Илинден)
· од 09.00 до 11.00 часот, корисниците на улица бр. 33 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на оваа седмица ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоистоичен правец.