Македонија
(Видео) Селмани: Како ќе се јакне јавниот сервис со помалку пари од буџетот?

Главната забелешка на ЗНМ за предлог-законот за медиуми е финансирањето на јавниот сервис. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, реагира на предвидените средства од буџетот на МРТВ, кои според него не се доволни за јакнење на МРТВ и се за пет милиони помалку од 2016 година. Според Селмани, за квалитетен јавен сервис неопходна е политичка и финансиска независност.
-Со предвидените средства не само што нема да може да отвори нови канали на јазикот на националностите туку нема да може да ги реализира и сегашните планови. Во 2016 имало 20 милиони евра, а сега се предвидени 15 милиони евра. Како со помалку пари да се направи поквалитетен јавен сервис? Прашањето е дали има политичка волја да се зајакне јавниот сервис. Нема дописничка мрежа, тоа е срамота, Македонија не е само Скопје, рече Селмани.
Селмани го поздрави и присуството на опозицијата во Собранието, на расправата за предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Го онесвестиле удирајќи го со клешти оти се сомневале дека им краде лубеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заедно во група извршиле кривично дело – Насилство предвидено во член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените, на возраст од 39 и 31 година, на 24 јули во скопското село Орешани извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на едно лице, за кое сметале дека украл лубеници од нивата на првоосомничениот.
Со товарно возило го следеле оштетениот додека тој со автомобилот се движел од Петровец кон селото Таор, се додека не се паркирал во дворот на куќата на неговиот внук во Орешани, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Осомничените пристигнале веднаш по него, излегле од возилото и го нападнале. Насилно го извлекле оштетениот од возилото и го удирале со тупаници и шамари по главата и телото. Вториот осомничен извадил водоводџиски клешти од камионот, па и со нив го удирале се додека оштетениот не паднал во безсознание. Му нанеле тешки телесни повреди поради кои тој во живото- загрозувачка состојба е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија. Со дејствијата на насилство, кај сведокот – внукот на оштетениот и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.
Ценејќи ги сите околности и ризици, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Македонија
Царинските тимови со засилени патролни контроли на пловните објекти во водите на Охридското Езеро

Мобилни царински тимови спроведуваат засилени патролни контроли на пловните објекти во водите на Охридското Езеро, соопштија од Царинската управа.
-Ги следиме сите сомнителни активности и каде што постои сомневање вршиме контрола се со цел навремена детекција и спречување на секој обид за криминал, изјавил помошник директорот за контрола и истраги Влатко Лакордов.
Со зголемената контрола на пловните објекти, се додава во соопштението, целиме кон спречување обиди за криумчарење и обезбедување ефикасна и реална наплата на увозни давачки.
Македонија
Апасиев со тужба против Собранието и Гаши

Димитар Апасиев, пратеник и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, вчера поднел тужба до Управниот суд против Собранието и претседателот на парламентот, Африм Гаши.
Повод за оваа тужба, како што се наведува во информацијата од Левица, е неделовничко и противзаконско поништување на уредно закажаната Надзорна расправа за трагедијата во Кочани, која требаше да се одржи на 8 јули годинава.