Контакт

Македонија

(Видео) Се возат по Партизанска и урлаат седнати на прозорците, пак снимено дивеење во Скопје

Објавено пред

Повторно млади луѓе дивееја со автомобил во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Видеото е снимено на улицата Партизански одреди, а на него може да се види лице кое седи на прозорецот додека автомобилот поминува покрај Градежниот факултет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Makfax (@makfax.mk)

Претходно минатата недела видео објавено на „Фејсбук“ од матурант качен на покривот на возило предизвика бурни реакции во јавноста.

Матурантот му покажа среден прст на полицискиот службеник со двете раце качен на покривот на возилото „џип“, а потоа заврши во станица.

Македонија

(Видео) Мециновиќ: Зошто седум години не се распишува оглас за генерален директор на МРТ?

Објавено пред

Од

Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во контекст на актуелната собраниска процедура за именување нов Програмски совет на МРТ отвори низа прашања поврзани со легитимноста и транспарентноста во работењето на јавниот сервис, на прес-конференција пред зградата на Македонската радио телевизија (МРТ).

dobivaj vesti na viber

Мециновиќ потсети дека МРТ е една од најважните институции во државата, со историска улога во креирањето и зачувувањето на државноста, и дека нејзиното работење мора да биде јавно, објективно и законски засновано. Според него, веќе утре во Собранието, Комисијата за избори и именувања ќе го разгледува новиот состав на Програмскиот совет, кој потоа ќе оди и на пленарна седница за гласање.

Но, како што посочи, овој процес го отвора прашањето зошто паралелно не се распишува јавен конкурс и за избор на нов генерален директор на МРТ.

Пратеникот истакна дека актуелниот генерален директор првпат е именуван во 2012 година, по што е реизбран во 2015 и 2018 година, но од тогаш, иако законски мандатот е ограничен на три години, нов конкурс не е распишан. Тој го нарече ова „директор со три мандати плус еден гратис“ и нагласи дека ваквата состојба е спротивна на духот на законот. Според Мециновиќ, уште од 2021 година постојат најави дека Програмскиот совет ќе распише нов конкурс за генерален директор, но тоа никогаш не се случило.

Истовремено, рече тој, програмскиот совет сега презема иницијатива за избор на нов Надзорен одбор, со образложение дека му истекол мандатот, но не ја објаснува причината зошто не постапува и за позицијата директор. Според Мециновиќ, дури и самите записници од седниците на Советот потврдуваат дека тие не се сигурни во своите надлежности и бараат автентично толкување од Собранието, но такво барање досега не е добиено во Собранието. Во март годинава, рече Мециновиќ, без дополнителни објаснувања, Советот одлучува да распише конкурс за Надзорен одбор, во консултација со актуелниот директор, што дополнително ја прави ситуацијата спорна.

Левица смета дека оваа состојба отвора сомнежи за можно политичко и лично влијание во управувањето со јавниот сервис, при што се користат правни сиви зони за одржување на статус кво.

Претставникот на Левица најави дека ова е само прва во серија прес-конференции на кои ќе бидат изнесени дополнителни информации за работењето на МРТ, потенцијални злоупотреби и кршење на работнички права во оваа институција. Тој ги повика сите кои располагаат со информации за работењето на јавниот сервис слободно да ги споделат со Левица како парламентарна партија.

„Вистината сите ја знаеме – прашањето е дали ќе одлучиме да бидеме слепи за неа“, заклучи Мециновиќ, потенцирајќи дека МРТ мора да се заштити од политичко и приватно влијание и да се врати на вистинскиот пат – да биде сервис во интерес на јавноста.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мисајловски во посета на Командата за операции на македонската Армија

Објавено пред

Од

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска (9 април) заедно со началникот на Генералштабот, генерал- мајор Сашко Лафчиски во кумановската касарна „Боро Менков“ ја посетија Командата за операции на македонската Армија – команда во чиј состав функционираат сите видови на родови и служби во Армијата.

dobivaj vesti na viber

За време на посетата министерот беше брифиран за активностите на Командата, како и за следните планови за развој. Мисајловски рече дека е горд на припадниците кои се дел од Командата и единиците во нејзин состав, при што додаде дека тие се вистински приказ за професионализмот во Армијата и за посветеноста кон безбедноста и сигурноста на граѓаните.

„Министерството ќе продолжи посветено да работи во поддршка на развојот на Армијата, особено во процесот на модернизација и опремување“, рече министерот на заедничката средба.

Заедно со министерот Мисајловски и началникот на Генералштабот, генералот Лафчиски, Командата за операции ја посетија и заменикот на началникот, генералот Азим Нуредин и директорот на Генералштабот генералот Орце Јордев кои беа пречекани од командантот на Командата, бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски.

Во структурата на Командата за операции функционираат Првата пешадиска бригада, Воздухопловниот ВИНГ, баталјонот на воената полиција, баталјонот за врски, извидувачко-разузнавачкиот баталјон, баталјонот за специјални сили и четата за атомска, биолошка и хемиска одбрана.

Прикажи повеќе...

Македонија

Фетаи: Чекор поблиску до транспарентноста во управувањето со државниот имот

Објавено пред

Владата на Република Северна Македонија вчера го одобри барањето на Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, за проширување на работната група која ќе го изработи Акцискиот план за имплементација на препораките од Завршниот извештај на Државниот завод за ревизија за управувањето со државниот имот.

dobivaj vesti na viber

„Ова е значаен чекор кон создавање ефикасен, праведен и одговорен систем за управување со јавниот имот, како и кон спречување на злоупотребите и недостигот на транспарентност што се случувале во минатото“, истакна Фетаи.

Работната група, предводена од Кабинетот на заменик-претседателот, ќе биде составена од претставници на клучните државни институции: Службата за општи и заеднички работи на Владата, Јавното претпријатие за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АД – Скопје), Јавното претпријатие за стопанисување со деловен простор во државна сопственост (АД – Скопје), Агенцијата за катастар на недвижности, Министерството за финансии, Генералниот секретаријат на Владата и Комисијата за станбени прашања.

Првпат во историјата на државата, се подготвува и Национален регистар на државен имот – иницијатива предводена од Кабинетот на заменик-претседателот Фетаи, базирана на најдобрите европски практики, со цел елиминирање на ризикот од корупција и злоупотреби во овој историски чувствителен сектор, информираат од кабинетот на Фетаи.

„Ова е клучен момент за изградба на модерен систем за управување со државните ресурси, каде што транспарентноста и отчетноста се водечки принципи“, оценува Фетаи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ССМ на состанок во Владата: Дојдовме да им кажеме на функционерите дека треба да живеат на минималец ако не ги зголемат платите

Делегација од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) точно напладне влезе на состанок со претставници од Владата. Претседателот на ССМ,...

Македонија2 часа

Детали за случајот со Геријатрија: Директорот знаел дека пациентот е богат, барал 100.000 евра за да го смести во болницата

Директорот на болницата за Геријатрија, Мухсин Арифи, кој е осомничен за поткуп, знаел дека пациентот што требало да се смести...

Македонија4 часа

Четворица од повредените лица во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани, кои се лекуваа во...

Македонија4 часа

„Трошки за работниците наместо вистинско зголемување на платите, Владата ги извиси граѓаните“, велат од СДСМ

„Наместо вистинско и реално зголемување на платите, владата ги извиси работниците. Власта им фрла трошки на работниците со покачување од...

Македонија4 часа

„Десетици нови дестинации од двата домашни аеродрома и преговори за десетина нови авиолинии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување нови авиокомпании и нови авиолинии. Во фокусот е развој на авиосообраќајот и зголемување...

Македонија5 часа

(Видео) Мециновиќ побара да не се носи закон за медиуми без дискусија со медиумите

„Јас барам точката седумнаесет, а тоа е предлог на Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за медиумите во прво...

Македонија5 часа

ДУИ: Изјавите на Изет Меџити се шокантни и длабоко вознемирувачки

„Изјавите дадени вчера од Изет Меџити, еден од раководителите на една мала партија во рамки на владината коалиција, се шокантни...

Македонија5 часа

Состојбата на другите четворица пациенти од пожарот во Кочани во „Пирогов“ и понатаму е сериозна, но стабилна, изјави Аргирова

Состојбата на другите четворица пациенти во „Пирогов“ сѐ уште е сериозна, но стабилна. Ова во „Денот почнува“ го изјави раководителот на...

Свет6 часа

„Сам нека си ги одгледува кокошките“: кинеските социјални мрежи преполни со пораки против Трамп

Додека Кина се подготвува за царини од 104 отсто на голем дел од извозот во Америка, на кинеските социјални мрежи...

Свет7 часа

(Видео) Се урна покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република, загинаа најмалку 79 лица

Според последните извештаи, најмалку 79 луѓе загинале, а 155 се повредени при уривање на покрив на ноќен клуб во главниот...

Свет7 часа

Може ли Кина да ги издржи царините на Трамп за увоз од 104 проценти

Утрово стапија на сила рекордните американски царини за кинески увоз, кои ќе достигнат дури 104 отсто за многу производи. Некои...

Свет8 часа

Кандидатот на Трамп за шеф на НАСА: Мисијата на Марс е приоритет

Кандидатот на американскиот претседател Доналд Трамп за директор на НАСА, Џеред Ајзакмeн, рече дека вселенската агенција ќе даде приоритет на...

Свет8 часа

Во сила нов пакет-тарифи на Трамп, за Кина воведени царини од 104 отсто

Новиот сет на царини на Трамп стапи на сила утрово за приближно 60 земји ширум светот. Од 6 часот наутро...

Европа8 часа

ОН: Речиси 13.000 цивили убиени во Украина од почетокот на војната

Обединетите нации проценуваат дека околу 13.000 цивили се убиени од почетокот на војната во Украина, изјави во вторникот пред Советот...

Свет8 часа

Трамп: Ќе заработуваме 2 милијарди долари дневно од царини

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера вечер, по потпишувањето на извршната наредба за јаглен, ги коментираше царините што ги воведува на...

Регион20 часа

Кој им дозволил на Вучиќ и новинарите да влезат кај пациентите од Македонија: студентите бараат одговорност

Народниот правобранител на Србија, Зоран Пашалиќ изјави дека ќе ги истражи сите околности наведени во шестото барање на студентите, кои...

Македонија22 часа

Директорот на геријатрија зел 20.000 евра поткуп за да смести неподвижно лице

Заедно со посредник, директорот на болницата за геријатрија,  Мухсин Арифи, барал и примил поткуп за сместување на болно и неподвижно...

Топ24 часа

Селанецот во Кривопаланечко убиен, па запален за 100 евра, зад убиството стојат двајца млади браќа

Двајца браќа се осомничените за убиството во Луке, кривопаланечко. Тие се на возраст од 20 и 25 години, а убиениот...

Македонија1 ден

И јас и Таравари вчера избегавме од ДУИ, сега преговори со нив значат испорачување фактури од ДУИ, вели Меџити  

Сите коалиционери во „Вреди“, освен министерот за здравство и лидер на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, сметат дека единствена опција...

Македонија1 ден

Мицкоски бара нова пресуда за прегазената Теодора во Тетово: „Ова не е правда“

Премиерот Христијан Мицкоски побара да се разгледа работењето на судијата во Тетово, кој вчера досуди две години затвор за возачот...