Македонија
(Видео) Се урива објектот на „ТЦЦ Плаза“ кај плоштадот ВМРО
Се урива дел од објектот на „ТЦЦ Плаза“ кај плоштадот ВМРО во центарот на Скопје. Од утринава се работело на фасадата на објектот со градежна механизација, на што реагирале станарите од околните згради, кои пријавиле во Градежниот инспекторат. Од Град Скопје за „Макфакс“ велат дека фасадата на „ТЦЦ Плаза“ е градежен проект на приватен инвеститор и за неговата реализација надлежен е градежниот инспекторат на Општина Центар.
Од Општина Центар информираат дека градежен инспектор излегол на терен и констатирал дека инвеститорот почнал со постапка на уривање, иако за тоа нема одобрение, ниту, пак, доставил барање до Општината да му се одобри уривањето.
„Денеска е издадена усна наредба за прекин на постапката на уривање бидејќи нема обезбедено мерки за заштита при уривање“, велат од Општина Центар.
На терен сè уште можеше да се забележи оставената градежна механизација и големата дупка на фасадата која останала да зјае од едната страна на објектот, зад заштитаната ограда, до катната гаража „Тодор Александров“.
Од Општина Центар немаат информација дали ќе се урива фасадата или целиот објект, но велат дека инвеститорот сакал да прави измени на објектот. Обид за уривање имало и пред еден месец, но и тогаш Инспекторатот издал наредба да прекине постапката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.
Македонија
Мисајловски во Брисел: Македонија со НАТО-сојузниците за инвестициите и безбедносните приоритети
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.
Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на днешениот останок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.

