Македонија
(Видео) Силјановска-Давкова: СДСМ и ДУИ никогаш нема да бидат тоа што сме ние
Денеска кандидатката за претседателка на Македонија, професор д-р Гордана Силјановска-Давкова, одржа митинг во Могила.
Меѓудругото, Силјановска-Давкова рече: Се срамам кога гледам дека она што е гаранција за просперитетот на било која држава, ние го имаме но тие го крадат. Мислам на енергијата, мислам на водата, мислам на земјата, на земјоделието.
„Далеку од тоа дека тие мислат за иднината на оваа земја. Како ште гледате се силеа, се силеа, се палеа. Биле европски претседатели, биле наши претседали. Ама сега во агонијата се силат на бојкот! Се разбира дека јас не се плашам од дебата, ќе видиме што ќе дебатираат. Но мислам дека, не само што се плашат од соочувањето туку и веќе немаат што да кажат. Нема пострашна работа од власт на заминување. Тие раскарани меѓу себе, секој ден се обвинуваат кој бил повиновен за состојбата во која што се наоѓаме. Па дури и смешни изјави даваат, дека грешеле, грешеле, ама им треба уште една можност. Демек да докажат дека не се тоа што се односно дека се тоа што сме ние. Ама тие никогаш нема да бидат тоа што сме ние! Јас мислам дека на 8 мај ќе ни дозволите, со ваша помош, со ваш благослов, со божји благослов, да покажеме дека оваа земја има иднина! Дека оваа земја има капацитет да биде пристојна европска држава! Дека овој народ заслужува да биде горд на своите претставници! Дека оваа држава заслужува повторно да биде горда и ваша!“, рече професорката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Град Скопје: Неплатените даночни обврски надминуваат 36 милиони евра, граѓаните повикани да ги подмират долговите
Град Скопје соопшти дека неплатените обврски по основ на данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина за периодот од 2020 до 2025 година надминуваат 36 милиони евра, според евиденцијата на Секторот за даноци на имот и комунални такси.
Даноците на имот и комуналните такси се значајни приходи за функционирањето на Градот, со кои се финансираат основни градски услуги, инфраструктурни проекти, трошоци на јавните претпријатија и јавните установи, како и работата на средните училишта.
Од Град Скопје ги повикуваат сите даночни и таксени обврзници – правни и физички лица – што немаат платено данок на имот, промет, наследство и подарок, како и комунална такса-фирмарина, своите обврски да ги подмират во најкраток можен рок.
Граѓаните и компаниите можат да извршат увид во своите долгови, да ги преземат решенијата и електронски да ги платат обврските преку платформата: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml
Градот објави и контакт информации за повеќе категории даноци:
Данок на имот: 072/204-434, 02/3207-546, e-mail: [email protected]
; [email protected]
Данок на промет, наследство и подарок: 02/3297-298, 02/3297-296, e-mail: [email protected]
Комунална такса-фирмарина: 02/3297-314, e-mail: [email protected]
Даночно сметководство: 02/3297-298, 02/3297-296, e-mail: [email protected]
Даночниот долг може да го платите и преку Даночните шалтери на Град Скопје, секој работен ден од 8 до 19 часот, како и во сабота на 13 декември.
Македонија
Сиљановска-Давкова ќе го одликува американскиот генерал-мајор Грегори Најт со Орден за воени заслуги
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, денеска – 9 декември 2025 година, вторник, ќе го прими американскиот командант на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт и на свечена церемонија ќе го одликува со Орден за воени заслуги.
Генерал-мајор Најт се одликува со Орден за воени заслуги за неговиот особен придонес во продлабочувањето на македонско-американското пријателство и воената соработка што резултираше со бројни активности за зајакнување на капацитетите и за зголемување на борбената готовност на македонската армија.
Македонија
Земјотрес почувствуван во регионот на Кичево
Земјотрес со магнитуда од два степени според Рихтеровата скала бил регистриран ноќта во 01:23 часот во Македонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според податоците,земјотресот бил регистриран на 15 километри југoјугозападно од Кичево, 73 километри североисточно од Елбасан, Албанија.
Епицентарот се наоѓал на длабочина од 15 километри.

